Антивладини демонстранти бараат Гадафи да ја напушти земјата

Триполи, 21 февруари 2011 (МИА) - Антивладини демонстранти, кои синоќа се собраа на еден од централните плоштади во Триполи, побараа либискиот лидер Муамер Гадафи да ја напушти земјата, јави телевизијата „Ал Џазира“.

„Либија е единствена!“, „Гадафи, оди си“, скандираа демонстрантите.

Опозицијата тврди дека најмалку четири реони на либиската престолнина се под контрола на демонстрантите.

Членот на политичкото биро на Исламското движење за промени Анис аш Шариф демантираше во интервју во Лондон, дека Либија била под закана од распаѓање, како што изјави во телевизиското обраќање синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам.

Според него, „армијата преминала на страната на либискиот народ“. Шариф истакна дека опозициските сили не планираат создавање на „исламски емират“ на либиска територија.

Во меѓувреме, синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам, предупреди дека земјата е на прагот на граѓанска војна, која може да ги уништи и нафтените богатства.

Во тв обраќањето, Сеиф ал Ислам призна дека либиската армија допуштила грешки за време на демонстрациите на опозицијата, затоа што не била подготвена да се бори против демонстрантите.

Тој ги оцени и како преувеличување тврдењата за стотици загинати за време на протестите, уверувајќи дека од почетокот на нередите во Бенгази се убиени 84 лица, а во Бајда - 14.

Во исто време, кога синот на Гадафи говореше на телевизија, организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч ги објави најновите податоци за бројот на жртвите во последните четири дена - најмалку 233 загинати.

Сеиф ал Ислам увери дека татко му се наоѓа во Либија, армијата го поддржува како „лидер на битката во Триполи“ и ќе го обнови редот во земјата „по секоја цена“.

Триесет и деветгодишниот Сеиф ал Ислам ги оцени како „дезинформација“ соопштенијата во медиумите дека режимот секој момент ќе се урне. „Либија не е Египет или Тунис, тука ситуацијата е различна, истакна тој.

Во обраќањето, синот на Гадафи вети воведување демократски реформи, зголемување на платите и промена на повеќе закони, вклучувајќи го и за медиумите. Тој повика на слобода на печатот, почнување дијалог со опозицијата и создавање на комисија за разработување на уставот на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...