Судири меѓу демонстранти и полиција во Триполи

Каиро, 21 февруари 2011 (МИА) - Демонстранти и полицајци синоќа се судрија во либискиот главен град во обид да воспостават контрола над центарот на Триполи.

Снајперисти пукаа во луѓето од покривите на зградите, а приврзаниците на претседателот Моамер Гадафи отворија оган од автомобили во движење, изјавија очевидци.

Ова најверојатно се најтешките судири во Триполи по крвопролевањата во некои источни либиски градови.

Демонстранти го исполниле Зелениот плоштад во центарот на Триполи, како и другите плоштади во близина, а цивилни полицајци и војници ги нападнале. Судирите продолжија до утринава. има и жртви, но нивниот број се уште не се знае.

Телевизијата „Ал Џезира“, повикувајќи се на очевидец, објави дека антивладините демонстранти денеска изутрина го исполниле плоштадот „Сук ал Гомаа“, кој еден од најголемите во главниот град на Либија.

Во меѓувреме, дописниците на западните медиуми од главниот град на Либија јавија дека чад се издига од зградата на либиската Влада во Триполи, околу која се наоѓаат поголем број пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...