Масовно се евакуираат странци од Либија

Триполи, 23 февруари 2011 (МИА) - Во Либија и денеска владее хаос, нападнати се уште четири јужнокорејски градилишта додека странци масовно се евакуираат од таа северноафриканска држава. 

Ограбени се четири градилишта на јужнокорејски компании, и во нападите нема повредени.

Јужна Кореја ги повика своите граѓани итно да ја напуштат Либија и најави можност за испраќање авиони и бродови за евакуација. Во таа држава има околу 1.400 Јужнокорејци од кои поголемиот дел работат за градежни компании.

Во понеделникот околу 500 Либијци ограбија јужнокорејско градилиште западно од Триполи. 

Протестите и немирите во Либија почнаа на 15 февруари, а либискиот лидер Моамер Гадафи повика синоќа армијата, полицијата и свои приврзаници да го задушат бунтот и им се закани на демонстрантите со крвопролевање.

Во насилствата во изминатите неколку дена убиени се стотици луѓе. Во меѓувреме, странски државјани масовно се евакуираат од Либија. 

Во Париз денеска слетаа два авиона со околу 500 Французи од Триполи. Португалија организираше враќање во државата за 80 Португалци и 34 странци додека Австрија евакуираше 62 Европјани. 

И други држави меѓу кои Велика Британија, Германија, САД, Холандија, Кина и Филипини како и јужноазиски држави најавија евакуација на свои државјани.

САД испратија ферибот за евакуација на американски државјани од Либија. Бродот денеска треба да пренесе патници до Малта. 

Од Триполи полета авион со 118 руски граѓани, а во текот на денот се очекува евакуација на уште 405 луѓе. За евакуација на Руси од други градови во Либија, Русија од Црна Гора испрати ферибот.

Индиските власти испратија брод кој може да превезе илјада патници. Во Либија работат околу 18.000 Индијци и 60.000 од Бангладеш кои побараа помош од Меѓународната организација за миграција. До нив се обрати и Шри Ланка која не располага со свои авиони бидејќи во Либија има околу 1.200 луѓе од таа држава.

Непал соопшти дека подготвува евакуација на околу 2.000 свои граѓани. 

Околу 3.000 Турци се качија денеска на брод на исток во Либија кој во придружба на фрегата ќе се врати во државата. Турската морнарица ќе испрати уште три бродови со капацитет по 1.500 патници за Либија во која живеат и работат околу 25.000 Турци. Анкара досега со авиони евакуираше повеќе од 1.850 луѓе, а уште 286 се префрлени со автобуси во Египет од каде со авион се на пат кон Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...