Обама нареди подготовка на можен одговор на кризата во Либија

Вашингтон, 24 февруари 2011 (МИА) - Претседателот на САД Барак Обама изјави синоќа дека насилството во Либија мора да прекине и оти наредил администрацијата да подготви повеќе можни одговори на кризата.

Американскиот претседател најави дека ќе ја испрати државната секретарка Хилари Клинтон во Женева, за да учествува во меѓународните преговори за решавање на кризата во Либија.

Во својот прв јавен коментар за немирите кои ја потресуваат Либија, американскиот претседател рече дека „страдањата и крвопролевањата се неприфатливи и нечуени“.

Обама рече дека акциите против демонстрантите ги кршат меѓународните норми и дека наредил тим за национална безбедност да подготви низа опции за решавање на кризата.

- Императив е државите  и народите во светот да говорат со еден глас, рече Обама, повикувајќи се на прекин на нападите врз мирољубивите демонстранти.

Претседателот на САД рече дека Вашингтон ги координира натамошните чекори со сојузниците и со меѓународната заедница, не прецизирајќи кои специфични мерки се разгледуваат против либиската Влада.

Американскиот претседател е критикуван што порано не се огласи по повод демонстрациите во Либија, но официјални лица велат дека чекале додека не бидат сигурни сите Американци во Либија безбедно да се евакуираат и да бидат надвор од опасност.

Администрацијата на Обама претходно соопшти дека разгледува воведување санкции кон Либија и замрзнување на имотот како еден од можните одговори на кризата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...