Се распаѓа системот во Либија

Каиро, 25 февруари 2011 (МИА) - Главниот обвинител на Либија Абдул Рахман ал Абар изјави денеска дека поднел оставка и се приклучил кон опозицијата, која се обидува да го собори режимот на лидерот Моамер Гадафи.

- Објавувам со сигурност дека поднесувам оставка од функцијата главен обвинител на Либија и се приклучувам кон волјата на либискиот народ, изразена со револуцијата од 17 февруари, изјави Абар во видеообраќање емитувано преку телевизиите „Ал Арабија“ и „Ал Џазира“.

Тој изјави дека оваа одлука ја донел во знак на протест против крвопролевањата, кои ги предизвикува режимот на Гадафи.

Либиската армија и полицијата во источниот град Абиџан соопштија дека ги напуштиле касарните и се приклучиле кон опозицијата.

- Ние од полициските сили објавуваме дека целосно се приклучуваме кон  народот во мирната револуција од 17 февруари. Објавуваме дека ќе ги жртвуваме животите за тој регион и ќе се ставиме во негова служба со крајна цел слобода за Либија, изјави за телевизијата „Ал Џазира“, полицискиот капетан Хафиз Абдул Рахим.

Полковникот од вооружените сили Шваиб Ибрахим ал Акуки изјави дека армијата исто така се приклучува кон револуцијата.

Режимот на Гадафи постави „ѕид“ од тенкови околу Триполи, со цел да оневозможи опозициските сили да влезат во градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...