Сеиф ал Ислам Гадафи: Очекувам договор за прекин на огнот

Триполи, 26 февруари 2011 (МИА) - Синот на либискиот водач Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам Гадафи информира дека војската отстапува од борби со „бунтовниците“ во западниот дел на Либија и изрази надеж дека во текот на денов ќе биде постигнат договор за прекин на огнот.

- Бунтовниците што доброволно ќе се предадат нема да имаат никакви последици, порача Саиф ал Ислам Гадафи на средба со група странски дописници од Триполи.

Тој сепак призна дека во западнолибиските градови Мисурата и Завија властите „имаат проблеми“.

- Имаме работа со терористи. Армијата реши да не ги напаѓа терористите и да им даде шанса на преговорите. Да се надеваме дека муницијата им е при крај и дека повеќе нема да има крвопролевање. Се надевам дека состојбата ќе се смири и дека тоа ќе се случи утре, изјави синоќа синот на либискиот лидер.

Тој нагласи дека освен во Мисурата и Завија во другите градови „нема насилство“ и ги оцени како лаги медиумските информации дека либиската војска напаѓа цивили и користи странски платеници.

- Освен во Мисурата и Завија на сите други места се е мирно. Преговорите продолжуваа и ние сме оптимисти, рече Саиф ал Ислам Гадафи .

Тој оцени дека позициите на опозициските лидери се слаби и дека затоа тие се очајни.

- Им порачуваме оставете го оружјето и нема да ве повредиме. Веруваме дека е неопходно да ја реформираме земјата, нагласи Саиф ал Ислам Гадафи .

Според него, Либија е цел на „голем заговор“ зад кој стојат одредени држави, кои сакаат „да воведат авганистански модел“ во земјата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...