Токио, 24 март 2011 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,1 степени ја погоди североисточна Јапонија, нема податоци за жртви и материјални штети, соопшти Националната метеоролошка служба.
Не е објавено предупредување за цунами.
Потресот во 17.21 часот по локално време (8.21 по Гринич) бил почувствуван во префектурите Ивате и Мијаги, кои најмногу настрадаа од земјотресот на 11 март.
Епицентарот бил на длабочина од 20 километри во Тихиот Океан, во близина на бреговите на префектурата Ивате.