Бројот на жртвите во Јапонија надмина 27.000

Токио, 24 март 2011 (МИА) - Бројот на загинати и исчезнати во земјотресот и цунамито во Јапонија, надмина 27.000, се наведува во најновиот извештај на јапонската полиција.

Се стравува, меѓутоа, дека конечниот биланс на жртвите може да биде и поголем, со оглед на фактот дека џиновскиот цунами, со височина од 10 метри, го опустоши источниот брег на Хоншу и со земјата срамни цели градови.

Според најновите податоци со кои располага јапонската полиција, потврдено е дека во оваа природна катастрофа животот го загубија 9.811 лица, додека 17.541 официјално се водат за исчезнати, што вкупно претставува 27.352 лица.

Повредени се вкупно 2.779 лица, додека стотици илјади луѓе остана без домови и се наоѓаат во центрите за евакуација, наведуваат агенциите.

Земјотресот беше најголемата природна катастрофа во Јапонија, по земјотресот во Канто, во кој во 1923 година загинаа повеќе од 142.000 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...