Токио, 25 март 2011 (МИА) - Бројот на жртвите од разорниот земјотрес и цунамито што ја погоди Јапонија се искачи на 10.000 луѓе, соопшти полицијата.
За исчезнати се водат 17.541 луѓе, а повредени се 2.779 лица.
Во зоната на природната катастрофа целосно урнати се 18.000 згради, значително оштетени се 13.000 објекти. Околу 250.000 жители од североисточниот дел на Јапонија сместени се во привремени живеалишта.
Штетите се проценуваат од 185 до 308 милијарди американски долари.