Да се запре истекувањето на радиоактивна вода

Токио, 4 април 2011 (МИА) - Јапонската Влада и порача денеска на компанијата ТЕПКО, која управува со нуклеарната централа „Фукушима“, што побрзо да го запре истекувањето на радиоактивни материи во океанот, додека екипите во нуклеарката настојуваат со користење на контраст да го утврдат изворот на истекување на радиоактивна вода.

Главниот секретар на Кабинетот Јукио Едано предупреди дека акумулирањето на радиоактивни материи поради нивно истекување, кое продолжува иако се вложуваат напори да запре, „ќе има големо влијание на океанот“.

Официјални претставници вчера предупредија дека стабилизирањето на нуклеарната криза, предизвикана од земјотресот и цунамито на 11 март, би можело да потрае неколку месеци.

Откако за време на викендот пропаднаа напорите истекувањето на радиоактивна вода преку пукнатината на Вториот реактор да се спречи со бетонирање, инженерите во „Фукушима“ денеска во тунелот кој води од овој реактор поставуваат бела супстанца во прав за да утврдат дали на ова место се наоѓа извор од кој истекува контаминирана вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...