Запрено неконтролираното истекување на радиоактивната вода

Токио, 6 април 2011 (МИА) - По серија неуспешни обиди, истекувањето на радиоактивната вода во океанот од хаварисаната јапонска нуклеарна централа „Фукушима 1“ денеска беше спречено, соопшти компанијата оператор “Токио електрик пауер“ (ТЕПКО).

Работниците од ТЕПКО минатата недела открија дека од 20-сантиметарска пукнатина во бетонска шахта на вториот реактор постојано истекува вода со високо ниво на радиоактивност. Тие безуспешно се обидуваа да ја бетонираат пукнатината.

Сепак денеска успешно е запрено истекувањето, истурајќи 1.500 литри хемикалии во пукнатината.

Нивото на радијација на водата, која истекуваше во океанот, беше петпати повисоко од дозволеното.

Во меѓувреме, јапонските власти планираат да користат мали американски безпилотни летала за редовно мерење на радиоактивноста над уништените реактори на нукеларката.

Авионите од овој тип имаат систем за вертикално полетување и можат да висат во воздухот над определени објекти. Сега се разгледува можноста на леталото да биде монтирана специјална апаратура за мерење на радијацијата и за фотографски снимки. Се очекува користењето на овие летала во реонот на „Фукушима 1“ да започне уште следната недела.

Претходно за извршувањето на овие операции се користеа хеликоптери на јапонската армија и голем американски безпилотен авион. Поради премногу високото ниво на радиоактивност во реонот на „Фукушима 1“ мерењето и снимките се правеа од големо растојание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...