Уапсен градоначалникот на Вашингтон

Вашингтон, 13 април 2011 (МИА) - Градоначалникот на Вашингтон, Винсент Греј е уапсен „поради недозволено собирање“, односно поради тоа што учествувал во протестот на група службеници во градската управа и жители на Вашингтон, кои се незадоволни од третманот кој главниот град на САД го има од Конгресот.

Греј и уште неколку членови на градскиот совет, вчера се уапсени бидејќи ја блокирале улицата во близина на административната зграда на американскиот Сенат. Тие по седум часа поминати во притвор се пуштени на слобода. 

Полицијата соопшти дека градоначалникот Греј и членовите на советот биле во групата од 41 лице, кои се уапсени и обвинети за нездоволено собирање.

Демонстрантите протестирале поради тоа што во предложениот буџет за оваа година средствата предвидени за градот Вашингтон се ограничени. Тие се незадоволни и поради можноста Конгресот да ја укине автономијата, која на градот му е дадена пред неколку години.

Вашингтон има градска управа, но неговиот буџет и законите се предмет на разгледување во Конгресот. Американскиот Конгрес има контрола врз градот од неговото формирање.

Локалните власти сметаат дека Вашингтон е искористен како пион за време на минатонеделното пазарење околу буџетот и дека новите рестрикции се цена на договорот, постигнат меѓу демократите и републиканците. 

Греј оцени дека рестрикциите за дистриктот Вашингтон, кои се дел од спогодбата, постигната во петокот, се целосно неприфатливи.

Поради блокирање на улиците и недозволено собирање Греј и неговите соработници можат да бидат осудени на парична казна од по 50 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...