Кој прв ќе се измори во Либија

Политика - Белград

20 април 2011

Уште колку долго може да трае војната во Либија? Уште колку долго НАТО може да ги бомбардира силите на владата во Триполи, а колку долго Гадафи може да се брани? Либискиот мозаик има многу непознаници, при што бунтовниците всушност за ништо не се прашуваат. Тие се само пешадија која оди горе доле долж патот Брег-Аџдабија во зависност од акциите на авијацијата на НАТО.

Главниот збор секако го има Вашингтон, иако САД се чини дека стојат на страна. Но, од политички извори на Блискиот Исток има информации дека Вашингтон забрзано бара модел на транзиција на власта во Триполи и дека по тој повод во понеделникот во Триполи стигна еден функционер на американската администрација. Имено, воената состојба на терен не ветува брз триумф на силите на НАТО врз Гадафи. Воздухопловствата на Велика Британија, Франција, Канада, Белгија, Холандија, Данска, Шпанија и Катар, односно борбените состави на авијацијата кои учествуваат во бомбардирањето на Либија, веќе се на граница на крајна издржливост и на борбената техника и на пилотите. Останатите земји на НАТО за сега не покажуваат преголем ентузијазам да учествуваат во тие акции.

Од друга страна, авијацијата на НАТО речиси ги потроши сите резерви на „паметни“ бомби и проектили, односно на обичните гравитациски бомби кои се многу непрецизни и кои во услови на градска борба предизвикуваат голема „колатерална“ штета.

Ако САД со своето воено воздухопловство не им помогнат на Британците и Французите, НАТО наскоро ќе го загуби темпото на дневните борбени активности и тоа за бунтовниците може да биде катастрофално. Посебно бидејќи либиската војска се адаптираше на воздушните удари, се измеша со бунтовниците и се бори исто така од пик ап возила. Во тие околности, пилотите на НАТО мора да летаат на височина под 5.000 метри и можат да бидат цел на лесни преносливи ПВО ракетни системи, а тоа западната алијанса сака да го избегне.

Бидејќи и Лондон и Вашингтон веќе ја негираа можноста за копнена инвазија на Либија, авијацијата на НАТО останува единствено средство за воен притисок на Гадафи, да се повлече од власта. Тука секако се и пропагандно-психолошките методи на специјална војна, како кога новинар во близина на Тобрук покажува уништен тенк од кој наводно војниците на Гадафи пукале на Тобрук. Кога подобро ќе се погледне таа снимка се гледа дека се работи за германски тенк „марк“ од Втората светска војна, уништен тенк во близина на поранешен штаб на фелдмаршалот Ервин Ромел. Му свртев внимание на колегата за што се работи – и немаше коментари.

Не знам какви касетни бомби биле употребени во борбите во Мисурати и кој ги користел. Врз основ на една новинарска фотографија не можат да се прават дефинитивни заклучоци, бидејќи касетната муниција сепак не е тенк. Бидејќи либиската авијација не лета за да фрла касетни проектили, а ракетите од типот „град“ кои таму од фрлач БМ-21 ги користат владините сили, немаат касетна боева глава, бидејќи калибар од 122 милиметри им е премал за такво нешто, останува нејасно за чиви касетни проектили станува збор. Инаку, проектилите „град“ никогаш и немале касетна боева глава.

Значи, дали можат пилотите на НАТО да останат во воздух толку долго колку што војниците на Гадафи можат да бидат во песок? Без Американците НАТО воено не може да ја реши војната во Либија. Дипломатско решение, Саиф ал Ислам Гадафи наместо тато на некои идни избори? Можеби, но за такво нешто времето е се покусо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...