Гадафи не е повреден во нападот на НАТО

Триполи, 26 април 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи не е повреден во воздушниот напад на НАТО силите врз неговата резиденција Баб ал Азизија, во кој загинаа три лица, изјави портпаролот на либиската Влада, оценувајќи го нападот како обид за убиство.

Портпаролот на Владата Муса Ибрахим изјави дека се укажува на обид за убиство на Гадафи, додека во бомбардирањето се убиени членови на персоналот и чувари, а 45 лица се повредени. Тој истакна дека во рамките на резиденцијата се наоѓаат и канцеларии.

- На кој начин ваков терористички чин го штити цивилното населени во Либија. Тоа е кукавички обид за прогонување на еден човек, изјави Ибрахим.

Тој истакна дека Гадафи не е во бегство, но дека се наоѓа на безбедно место.

- Гадафи е добро, здрав и со весел дух, изјави Ибрахим.

Големата резиденција на либискиот лидер Моамер Гадафи во Триполи, беше уништена во воздушен напад на НАТО силите. Синот на Гадафи Саиф ал Ислам изјави дека бомбардирањето на претседателската резиденција е кукавички чин.

Силни експлозии го вознемирија центарот на Триполи нешто по полноќ додека воени авиони летаа над либискиот главен град.

Тоа се најсилните напади врз главниот град на Либија од почетокот на НАТО операцијата. Експлозии се слушнале во неколку делови од градот, а либиската државна телевизија по нападот на неколку минути ја прекина програмата.

Меѓународната коалиција започна воена интервенција во Либија на 19 март, врз основа на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. НАТО силите ја презедоа командата со воените операции од САД на 31 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...