НАТО „ги призна“ либиските бунтовници

Брисел, 28 април 2011 (МИА) - НАТО ќе испрати свој претставник во Бенгази, со цел да воспостави официјален контакт со либиските бунтовници, изјави дипломат од Алијансата.

Тој не го откри името на „офицерот за врски“, кој ќе замине за Либија, ниту кажа кога ќе почне неговата мисија.

Оваа одлука е донесе по неформалните разговори меѓу генералниот секретар на НАТО, Андер Фог Расмусен и претставникот на либиската опозиција, Махмуд Џибрил на маргините на меѓународната конференција во Доха на 13 април.

Во меѓувреме либиските бунтовници соопштија дека ќе ослободат петмина воени заробеници, лојални на лидерот Моамер Гадафи. Петмината заробеници ќе му бидат предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој ќе ги одведе во Триполи.

- Тоа е гест на добра волја од наша страна, за да покажеме дека сме должни да го почитуваме меѓународното право, но тоа го правиме и од хуманитарни причини, изјави портпаролот на Преодниот национален совет, Абдел Хафиз Гога.

Силите на либиската опозиција како заробеници држат 32-ца Либијци и 72-ца странци, кои се заробени во борбите со силите на режимот на Гадафи.

Во меѓувреме амбасадорот на САД во Либија, Џејн Крец изјави дека бројот на загинатите во насилството во Либија може да достигне до 30 илјади лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...