Хавана, 28 април 2011 (МИА) - Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро го поддржа денеска либискиот претседател Моамер Гадафи, осудувајќи го НАТО бомбардирањето врз Либија, за кое истакна дека има „неофашистички карактер“.
- Овие сурови напади врз либискиот народ, кои имаат неофашистички карактер, шират пламен кој може се да запали, нагласи Кастро за кубанските медиуми.
Според него, доколку Гадафи му пружи отпор на НАТО бомбардирањето „ќе влезе во историјата како една од најголемите фигури на арапскиот свет“.