Либиските бунтовници и НАТО го отфрлаат предлогот на Гадафи за преговори

Триполи, 30 април 2011 (МИА) - Либиските бунтовници денеска ја отфрлија понудата на лидерот Моамер Гадафи за примирје и преговори, истакнувајќи дека времето за компромиси помина.

- Режимот на Гадафи загуби секаков кредибилитет, изјави портпаролот на бунтовничкиот привремен совет Абдел Хафиз Гога.

Тој додаде дека времето за компромиси помина и дека либискиот народ не може да замисли или прифати иднина на Либија во која режимот на Гадафи би имал било каква улога.

НАТО исто така го отфрли предлогот на либискиот лидер.

- Имаме потреба од дела, а не од зборови. Силите на Гадафи неколку пати досега објави прекин на огнот и повторно продолжуваше со напади црз цивили и градови, изјави претставник на Алијансата во Брисел.

Тој нагласи дека НАТО ќе продолжи со операциите се додека не престанат сите напади и закани врз цивилното население, додека сите сили на Гадафи не се вратат во своите бази и додека не се обезбеди сигурен пристап на хуманитарната помош до оние на кои им е најпотребна.

Гадафи изутринава повика на прекин на огнот и преговори со НАТО, порачувајќи при тоа дека никој не може да го натера да ја напушти земјата.

- Никој не може да ме натера да ја напуштам земјата и никој не може да ми каже да не се борам за неа. Зошто ги убивате нашите деца? Зошто ја уништувате нашата инфраструктура?, истакна Гадафи во своето обраќање на државната телевизија, додавајќи дека е подготвен за прекин на огнот доколку тој е двостран и за преговори со „земјите кои ја напаѓаат Либија“.

Подоцна либиската телевизија објави дека силите на НАТО извршиле напад во близина на нејзината зграда, оценувајќи дека тоа било напад на либискиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...