ОН: До 2050 година населението во најсиромашните земји двојно ќе се зголеми

Истанбул, 11 мај 2011 (МИА) - Населението во најсиромашните земји од светот до 2050 година двојно ќе се зголеми на 1,7 милијарди, соопштија официјалните претставници на Обединетите нации во Истанбул.

Таквото зголемување дополнително ќе го оптовари секторот на основните услуги во овие земји, како што се здравството и образованието.

Во најслабо развиените земји 60 проценти од населението се млади на возраст до 25 години.

ОН предупредуваат дека овие млади луѓе, доколку им биде дадена вистинска шанса можат да бидат моторот на стопанскиот развој, а доколку тоа не се случи можат да западнат во длабока сиромаштија.

На меѓународната конференција учествуваа повеќе претставници од целиот свет.

Целта на оваа средба е изнаоѓање начин како да им се помогне на 48-те земји кои спаѓаат во најсиромашните држави, од кои најголемиот дел се во Африка.

Последната конференција на оваа тема, чиј домаќин беше Европската унија беше одржана во Брисел во 2001 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...