Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран

Новиот началник на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами, денеска изјави дека секој пат кога Американците ќе извршат злосторства против Иран, добиваат решителен одговор и дека така ќе биде и овој пат.



Во видео обраќање, тој „ги замоли командантите и војниците да ги спроведат плановите објавени од Централниот штаб“ и рече дека сите треба да бидат убедени дека иранската армија ќе победи во овој конфликт, пренесува Тасним.

Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфаќари, денеска изјави дека неодамнешните непријателски дејствија на САД го прошириле опсегот на легитимни цели за вооружените сили на Иран.

„Господине Трамп, коцкару, вие можете да ја започнете оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршиме“, рече портпаролот на иранската војска на англиски јазик на крајот од неговата снимена изјава, јавија британските медиуми.

САД во сабота вечерта бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран, придружувајќи му се на Израел кој на 13 јуни почна напади врз нуклеарните и воените постројки во оваа земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Зошто се животните попаметни од луѓето?
- Пушти 20 коњи да се тркаат и 500 луѓе ќе одат да ги гледаат. Пушти 20 луѓе да се тркаат, нема да дојде ни еден коњ.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција...
Верски календар
На денешен ден
1861.- Во Загреб излезе од печат Зборникот на...
1864.- Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек,...
1975.- Меѓународната организација на трудот во...