Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти

Најмалку 56 лица се уапсени во центарот на Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти, соопшти полицијата.



Полицијата наведе дека демонстрантите се уапсени бидејќи не ги послушале предупредувањата да се разотидат откако собирите во центарот на Лос Анџелес беа прогласени за незаконски, пренесе Ен-Би-Си.

Се истакнува дека меѓу уапсените е и лице кое наводно фрлило молотов коктел врз полицаец, како и едно лице за кое се тврди дека со мотоцикл удрил во кордон полицајци, при што еден од нив е повреден.

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжуваат во центарот на Лос Анџелес, а полицијата предупреди дека ќе одговори со соодветна сила доколку демонстрантите употребат „запаливи средства“.

Бројот на демонстранти на улиците на Лос Анџелес се намали, но некои групи сè уште се судираат со полицијата, додека сообраќајот е прекинат, а чад се издига од автопатот 101.

Јужните ленти на автопатот 101 се затворени до понатамошно известување поради протестите, соопшти полициската управа на Лос Анџелес на X.

Полицијата соопшти дека демонстрантите фрлале предмети на пристапите кон автопатот и оштетиле повеќе полициски возила, пренесе Си-Ен-Ен.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, рече дека оваа сојузна американска држава денеска ќе поднесе тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради, како што рече, „незаконско, неморално и неуставно ангажирање на Националната гарда во Лос Анџелес заради задушување на протестите“.

Американскиот милијардер Илон Маск, чиј однос со Трамп беше нарушен минатата недела, синоќа на платформата X ја поддржа реакцијата на администрацијата на Трамп на протестите во Лос Анџелес.

Трамп нареди распоредување на 2.000 војници на Националната гарда за да ги задушат имиграциските протести во Лос Анџелес.

Полицијата во Лос Анџелес вчера испука проектили со бибер спреј пред градскиот притворен центар, во обид да ги растера демонстрантите, од кои некои фрлаа шишиња со вода кон службениците и носеа транспаренти со пораки кои ги осудуваат полициските сили.

Демонстрантите пред притворниот центар во Лос Анџелес се судрија со припадниците на Националната гарда на Калифорнија, Имиграциското одделение и Министерството за внатрешна безбедност, во последната серија протести против имиграциските рации кои ја зафатија Калифорнија во текот на викендот.

Националната гарда во неделата, најмалку во еден случај, користеше бибер куршуми, бибер спреј и солзавец, за да го отвори патот за влез на оклопни возила во притворниот центар, по што толпата демонстранти излезе на улица и го блокираше сообраќајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колку МцДоналд'с девојки се потребни за да сменат сијалица?
- Две, едната да ја одврти, другата да стави помфрит!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1672.- Во Москва е роден Петар Први Алексеевич...
1781.- Роден е Џорџ Стовенсон, англиски инженер...
1870.- Умре Чарлс Дикенс, англиски писател,...
1972.- Американските бомбардери ги нападнаа...