Севернокорец обвинет поради поседување јужнокорејски песни

Сеул, 20 мај 2011 (МАИ) - Во Северна Кореја е организирано јавно судење на човек кој е обвинет за поседување на јужнокорејска музика, објави сеулската телевизија Ем-Би-Си.

Телевизијата eмитуваше видео снимка на која се прикажани толпа луѓе собрани на отворено, кои јавно му судат на еден свој сограѓанин поради поседување на 75 песни на пејачи од Јужна Кореја, како и на копија на јужнокорејски филм.

Телевизијата наведува дека од снимката не може да се утврди каква е судбината на обвинетиот и дали е осуден за „кривичното дело“.

Јужнокорејскиот весник „Дејли НК“ оценува дека ова јавно судење е најнов показател дека Северна Кореја ја зајакнува пресметката со надворешните влијанија и се обидува да ги заплаши луѓето.

Пресметката со оние кои ги прекршиле законите на социјалистичката култура трае уште од лани во декември, но бидејќи таа досега не даде резултати севернокорејските власти се решија на јавни судења за да ги застрашат луѓето, наведува весникот.

„Дејли НК“ коментира дека и наспроти напорите на властите во Пјонгјанг за запирање на ширењето на странските вести и западната култура меѓу своите граѓани, се повеќе пиратски ДВД и ЦД со јужнокорејски песни и филмови се шверцуваат од Кина во Северна Кореја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој склеротичен старец седел на клупа во парк и плачел кога покрај него поминал некој друг човек и го прашал зошто плаче.
Старецот му рекол : имам 27-годишна жена што ме чека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар...
1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола...
1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го...
1944.- Создадена е првата народна власт во...