Либиската опозиција доби над милијарда долари

Абу Даби, 10 јуни 2011 (МИА) - На синоќешната конференција во Абу Даби, арапските и западните земји ветија над 1,3 милијарди долари помош за либискиот Преоден национален совет (ПНС).

Италија и Франција понудија над милијарда долари, додека Кувајт и Катар ветија 280 милиони долари за новоформираниот фонд за поддршка на либиската опозиција.

Советот, кој се обидува да формира алтернативна влада на режимот на Моамер Гадафи претходно апелираше до меѓународната заедница да му помогне со „свеж прилив на кеш“.

Поранешниот либиски амбасадор во ОН Абдурахман Мохамед Шалгам, кој присуствуваше на собирот како функционер на ПНС, рече дека верува оти на власта на Гадафи и се ближи крајот и го повика НАТО да ги насочи воздушните удари на силите на Гадафи околу Мисрата за да им „помогне на борците за слобода да се пробијат кон Триполи“.

На конференцијата во Абу Даби присуствуваше и државниот секретар на САД Хилари Клинтон која рече дека во тек се преговори со луѓето блиски на Гадафи кои ја споменале „можноста за транзиција на власта“, но рече дека се уште не е јасно што ќе се случи.

Клинтон од своја страна не вети никаква директна помош за бунтовниците. Таа додаде дека САД ќе одделат 26,5 милиони евра долари за сите жртви на конфликтот во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...