Водиме преговори со Франција

Триполи, 11 јули 2011 (МИА) - Синот на либискиот лидер Моамер Гадафи, Сеиф ал Ислам тврди дека режимот во Триполи и француската Влада водат преговори.

- Вистина е дека ние преговараме со Франција, а не со бунтовниците, изјави Сеиф ал Ислам Гадафи во интервју за алжирскиот весник „Ел Хабар“.

Според него, францускиот претседател Никола Саркози му изјавил на пратеник на Гадафи дека Франција го создала либискиот бунтовнички Преоден национален совет и дека без нејзина поддршка, пари и оружје тој никогаш немал да постои.

Од француска страна, според синот на Гадафи, истакнале дека откако ќе биде постигнат договор со режимот на неговиот татко, ќе ги принудат бунтовниците да се согласат на прекин на огнот.

Интервјуто е објавено неколку часа откако францускиот министер за одбрана Жерар Лонге го повика Преодниот национален совет да започне преговори со Гадафи.

Либиските бунтовници одбиваат да преговараат со режимот, додека Гадафи не се повлече од власт, услов кој не е оспорен од НАТО. Според медиумите, позицијата на Лонге изразува зголемено нетрпение од развојот на конфликтот во Либија. Франција е еден од „јастребите“ во западната коалиција, која се обидува да го присили Гадафи да се повлече од власт.

Претходно, американскиот Стејт департмент издаде соопштение кое не содржи најава за компромис. Либискиот народ е тој, кој ќе одлучи како ќе биде спроведена оваа транзиција, но ние остануваме цврсти во својот став дека Гадафи не може да остане на власт, се наведува во соопштението.

Различните ставови на двете водечки сили во западната коалиција укажува на притисокот на кој е изложен НАТО по повеќе од три месеци воена интервенција во Либија, без поголем успех.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...