Деновите на Гадафи се избројани

Вашингтон, 14 јули 2011 (МИА) - Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека деновите на либискиот лидер Моамер Гадафи се избројани по успесите на либиските бунтовници на бојното поле.

Клинтон на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој вчера ја заврши тридневната посета на Вашингтон, нагласи дека САД ќе соработува со Русија за решавање на либискиот проблем.

Русија се воздржа при гласањето во Советот за безбедност за резолуцијата на Обединетите нации, со која се отвори патот за воена интервенција во Либија, а потоа предложи да посредува во изнаоѓање решение за решавање на конфликтот.

Клинтон изјави дека Гадафи се уште не ги исполнил барањата на меѓународната заедница да ги врати војници во касарните и да замине од власт.

- Иако ниту ние, ниту Русите не можеме да го определиме точниот ден и час кога Гадафи ќе ја напушти власта, согласни сме околу тоа дека неговите денови се избројани. Ќе продолжам тесно да соработувам со нашите меѓународни сојузници, меѓу кои и Русија околу зголемувањето на притисокот врз Гадафи и неговиот режим, нагласи Клинтон.

Таа истакна дека изминатите две години се направени големи чекори напред во развојот на односите меѓу САД и Русија и додаде дека сега задача на Вашингтон и Москва е да го задржат сегашното темпо во тој развој.

За време на посетата на Лавров на Вашингтон, САД и Русија потпишаа повеќе спогодби, меѓу кои спогодби за истражување на радијациските влијанија, за посвојување на руски деца од американски граѓани и за олеснување на визниот режим меѓу двете земји.

Лавров во Вашингтон беше примен и од американскиот претседател Барак Обама, со кого разговараше за повеќе прашања, меѓу кои ситуациите во Либан, Иран, Сирија и Јемен.

Белата куќа соопшти дека на средбата Обама ја повторил пред Лавров поддршката за напорите на Русија за пронаоѓање на политичко решение меѓу режимот на Гадафи и либиските бунтовници.

Обама и Лавров разговарале и за нуклеарната програма на Иран, како и за улогата на меѓународната заедница во запирањето на натамошното насилство и вршење на притисок за политички промени во Сирија и Јемен. Тие дискутирале и за можните начини за враќање на Палестинците и Израелците на преговарачката маса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...