Саркози e „воен злосторник“

Триполи, 14 јули 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи ги повика денеска своите приврзаници да го преземат „главниот град“ на бунтовниците Бенгази и го нарече францускиот претседател Никола Саркози „воен злосторник“.

- Времето за битка дојде, подгответе се да тргнете кон Бенгази, Мисрата и Западните Планини, изјави Гадафи во порака кон своите приврзаници собрани на митинг во негова поддршка во кварт во Триполи. Во третото од ваков вид обраќање од 1 јули, либискиот лидер изрази уверување дека неговиот народ е најсилниот, бидејќи го заштитува своето достоинство, чест и земја.

Крстоносците ќе бидат поразени, бидејќи водат неправедна војна, се закани Гадафи, алудирајќи на силите на НАТО кои од март вршат воздушни напади на Либија. Тој вети дека ќе остане со својот народ до последната капка крв.

Гадафи го нарече Саркози „воен злосторник“ кој ја оцрни историјата на францускиот народ. Либискиот лидер го обвини Саркози дека ги уништил врските меѓу Франција од една страна и Либија и муслиманските земји од друга страна и истакна дека  францускиот претседател е „умно болен“.

Говорот на Гадафи доаѓа во момент кога либиските бунтовници ги зајакнаа своите позиции во близина на стратешкиот град во Западните Планини Ал Асаба, на 80 километри јужно од Триполи. Противниците на режимот објавија дека започнуваат офанзива кон градот Брега во источниот дел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...