Триесетина убиени во нападите во Осло

Во силна експлозија на бомба денеска во центарот на Осло загинаа две лица, а 15 се повредени, при што е причинета штета врз зградата на норвешката Влада, соопшти полицијата.

Засега никој не ја преземал одговорноста за експлозијата. Норвешка добивала закани, најмногу поради нејзиното воено учество во Авганистан и Либија, но не била мета на бомбашки напади.

- Имаше експлозија, треба да е бомба. Луѓето беа во паника и се разбегаа. Пребројав околу десет повредени лица, изјави еден очевидец.

Во инцидентот искршени се прозорците на 17-катната заграда во која се наоѓаат просториите на премиерот Јенс Столтенберг, како и неколку министерства, меѓу кои и Министерството за енергетика, во кое изби пожар. Владините објекти биле веднаш евакуирани.

Премиерот Столтенберг не е повреден при експлозијата, кој ја оцени за многу сериозен настан, додавајќи дека уште е рано да се каже дали станува збор за терористички напад.

- Сите министри најверојатно се неповредени, истакна норвешкиот премиер, кој по совет на полицијата одби да открие каде се наоѓа во моментот.

Според очевидци пред една од зградите експлодирал паркиран автомобил.

Полицијата потврди дека експлозијата била предизвикана од една или повеќе бомби. Таа ги повика граѓаните да се одалечат од центарот на градот и да се воздржат од користење на своите мобилни телефони, со цел да не се предизвика блокирање на комуникациската мрежа.

Во меѓувреме, маж маскиран во полициска униформа отвори оган за време на собирот на младинската организација на Норвешката работничка партија на премиерот Јенс Столтенберг, кој се одржувал на островот Утоја, 50 километри јужно од главниот град Осло. Според последните информации девет или десет лица се убиени во оружениот напад.

Телевизијата „Скај њуз“, повикувајќи се на очевидци, претходно објави дека меѓу 25 и 30 луѓе се убиени во овој инцидент

Еден очевидец тврди дека видел најмалку 20 тела на убиени млади луѓе.

Полицијата го упасила напаѓачот од Утоја и тврди дека постои врска меѓу бомбашкиот напад во центарот на Осло и индицентот за време на младинскиот собир недалеку од Осло.

Еден владин службеник изјави дека на местото на инцидентот има блокирани луѓе.

Полицијата соопшти и дека просториите на телевизијата ТВ-2 биле затворени поради сомнителен пакет.

НАТО, САД и ЕУ ги осудија двата напади во Норвешка

САД и Европската унија го осудија бомбашкиот напад во Осло во близина на зградата на Владата, во кој загинаа најмалку седум лица, и оружениот напад врз младински собир во близина на престолнината, во кој има четворица убиени. Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама е информиран за настаните во Осло од својот советник за борба против тероризмот Џон Бренан. Претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј е потресен од бомбашкиот напад во норвешката престолнина. - Најостро ги осудувам тие подли дејствија. Изразив загриженост и солидарност на премиерот Јенс Столтенберг и на луѓето во Норвешка, се вели во изјавата на Ромпуј. Нападите беа осудени и од претседателот на Европскиот парламент Јежи Бузек. - Норвешка дава придонес за мирот во најнестабилните реони на планетата. Последното што го заслужува е терористички акт на нејзина земја, рече Бузек. Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен исто така ги осуди актите на насилство во Осло. - Од името на НАТО најостро ги осудувам овие гнасни акти на насилство во Норвешка. Нашата солидарност со Норвешка е непоколеблива. Земјите од НАТО се единствени во битката против тие акти на насилство, изјави Расмусен. Околу 400 војници служат во Меѓународните сили за поддршка на безбедноста под команда на НАТО во Авганистан. Норвешка е членка на НАТО, но не е член на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...