Германија и Италија побараа итна седница на СБ на ОН за Сирија

Њујорк, 1 август 2011 (МИА) - Германија и Италија побараа одржување вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која би се расправало за ситуацијата во Сирија.

Претставник на германската мисија при ОН изрази надеж дека седницата ќе се одржи уште денеска. Индија денеска од Германија го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН.

Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини, исто така побара Советот за безбедност итно да се состане и остро ги осуди нападите на сириската армија врз противниците на режимот во сирискиот град Хама.

- Бараме Советот за безбедност на ОН итно да се состане, со цел да земе цврст став, изјави Фратини за телевизијата ТГ2, истакнувајќи дека предложил и средба на амбасадорите во Дамаск на земјите од ЕУ.

Според податоците на организациите за заштита на човековите права меѓу 80 и 140 цивили се убиени вчера од страна на армијата за време на немирите во градот Хама, кој режимот на Башар Асад се обидува да ги смири неколку седмици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...