Њујорк, 2 август 2011 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации денеска почна вонредна седница посветена на ситуацијата во Сирија.
Седницата е свикана по барање на Германија, откако претставници на организации за заштита на човековите права информираа дека сириските војници во обид да ги спречат антивладините протести во неделата убиле над 80 лица во градот Хама.
Советот за безбедност беше информиран за последните случувања во Сирија од Оскар Фернандес Таранко, заменик-началник на политичкиот оддел на ОН.
Велика Британија, Франција, Германија и Португалија, поддржани од САД се за усвојување резолуција со која ќе се осуди однесувањето на сирискиот претседател Башар ал Ал Асад кон противниците.
Русија и Кина, две постојани членки на Советот за безбедност со право на вето, се заканија дека ќе го блокираат обидот да се усвои резолуција. Бразил, Индија и Јужна Африка исто така се изјаснија против усвојување резолуција или соопштение.