Хјуман рајтс воч: Во западна Либија откриена масовна гробница

Каиро, 14 септември 2011 (МИА) - Вкупно 34 тела се ексхумирани од една масовна гробница во западниот дел на Либија, соопшти вечерва организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч.

Во соопштението на организацијата се наведува дека се претпоставува оти телата им припаѓаат на лица убиени од силите лојални на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи.

Жртвите биле егзекутирани на почетокот на јуни пред силите на Гадафи да се повлечат од реонот на планината Нафуса, наведува Хјуман рајтс воч.

Претставник на организацијата изјави дека убиените најверојатно биле уапсени во нивните домови во реонот на Кавалиш или на главниот контролен пункт во областа.

- Гробницата содржи докази дека силите на Гадафи вршеле масовни егзекуции во обид да го задушат бунтот, потенцира претставникот на Хјуман рајтс воч.

Жртвите, најголемиот број повозрасни лица, биле со раце врзани на грбот и со превез преку очите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
По оперативниот зафат, лекарот доаѓа да ја посети славната пациентка, а таа веднаш го прашува:

- Докторе, што мислите како сум?
- Добро, добро, те. супер!
- А што мислите -...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за здрава вода.
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил....
1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач...
1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити,...