Признавањето на Палестина, нема да ја подобри хуманитарната состојба во Газа

Подобрувањето на хуманитарната ситуација на Газа на што постојано работиме, не зависи од признавањето на Државата Палестина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по средбата на шефовите на дипломатиите на Унијата со нивните колеги од Бразил, Индија и Мексико, што се одржа синоќа во Њујорк.

- Сите европски земји го поддржуваат решението за две држави. Значи, за да имаме две рамноправни држави, преземени се чекори од некои земји членки во врска со признавањето, со цел да се испрати јасен сигнал дека европските земји ги поддржуваат и Палестинците во овој конфликт, рече Калас.

Според неа, министрите биле јасни во своите ставови дека решението за две држави е најдобрата шанса за траен мир на Блискиот Исток, бидејќи поддршката на овој модел значи дека всушност постојат и Израел и Палестина.

- Тоа значи безбеден и сигурен Израел и одржлива палестинска држава, додаде Калас.

Таа истакна дека актуелната ситуацијата во Газа претставува „катастрофален неуспех на човештвото“ и ја повика израелската Влада веднаш да ги отстрани сите хуманитарни ограничувања.

- Јасно е дека Хамас мора да го положи оружјето и да ги ослободи сите заложници, но и проширувањето на доселеничките населбите и анексијата на територии се некомпатибилни со мирот. Во Европската Унија се обидуваме да го насочиме фокусот кон помагање на луѓето на терен и вистинско подобрување на хуманитарната ситуација. Ние сме најголемиот донатор на хуманитарна помош и силен поддржувач на Палестинската самоуправа, рече Калас.

Високата претставничка на ЕУ додаде дека на состанокот станало збор и за војната во Украина, нагласувајќи дека со секој руски воздушен напад се намалуваат перспективите за мир.

- Русија покажува апсолутен презир кон секој обид за дипломатија. Постојаните нарушувања на воздушниот простор на Европската Унија од страна на Москва се неодговорни, опасни и ризични ситуации што можат да излезат од контрола, а ние треба да бидеме цврсти, рече Калас, додавајќи дека во тој правец е и новиот пакет санкции кон Русија, што Европската комисија го предложи во петокот.

На состанок станало збор и за односите на ЕУ со Бразил, Индија и Мексико и за заштита на меѓународниот поредок базиран на правила.

- Влијанието на војната на Русија се чувствува и надвор од Европа. Секој ден Русија ги крши основните принципи на Повелбата на ОН. Заедно со нашите колеги, денес разговаравме и за тоа дека мултилатералниот поредок е навистина нешто што сите треба да го браниме, а Повелбата на ОН е во неговата суштина, додаде Калас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1835.- Во Париз умре Винченцо Белини,...
1905.- Шведска ја призна независноста на...
1908.- Во Солун, во кафеаната "Бошњак-ан",...
1941.- Во Лондон, на конференцијата на...