Гадафи со предизвикувачко обраќање

Каиро, 20 септември 2011 (МИА) - Паднатиот либиски лидер Моамер Гадафи изјави дека системот на управување, кој е основан во Либија се заснова на волјата на народот и не може да се отстрани.

Во аудио порака емитувана од сириската телевизија „Ар Раи“, Гадафи, исто така нагласи дека авионите на НАТО нема да можат да ги продолжат операциите во Либија.

- Политичкиот систем во Либија е систем, основан врз власта на народот и е невозможно тој систем да биде отстранет, изјави Гадафи. Бомбардирањата на НАТО авионите нема да продолжат, нагласи тој.

Според соборениот либиски лидер настаните кои се случуваат во моментот во неговата земја се „маскарада“. Гадафи ги повика Либијците да не веруваат дека е случена промена на режимот.

- Тоа што се случува во Либија е една маскарада и тоа само благодарение на НАТО бомбардирањата, кои нема да продолжат вечно. Не се радувајте и не мислете дека е соборен еден режим и е воспоставен друг со помош на напади од воздух и море, предупреди Гадафи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...