
Њујорк, 21 септември 2011 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама во денешното обраќање при отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации јавно ќе побара од Палестинците да се откажат од барањето за државност.
Потоа Обама ќе присуствува на одвоени средби со израелските и палестинските лидери во обид да ги врати на преговарачката маса.
Американски претставници наведуваат дека Обама најверојатно нема да го спречи палестинскиот лидер да побара од СБ полноправно членство за палестинската држава во ОН.
Претставниците на „Блискоисточната четворка“ - Обединетите нации, Европската унија, САД и Русија синоќа не успеаја да се договорат за текстот на декларацијата, која стимулира обновување на пакистанско-израелските преговори за мир.
Конкретната цел на декларацијата беше да ја намали тензијата меѓу Израел и Палестинците, што настана по плановите на Палестинците да побараат полноправно членство на државата во ОН и да ги вратат двете страни на масата на преговорите.
- Работата на Четворката за заедничките документи треба да служи за една главна цел - да ги поттикне страните (Израел и Палестинците) кон преговори, што во истовреме треба да бидат параметри на завршен договор, посочи шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.