НАТО во Сирт уби 151 лице

Тунис, 22 септември 2011 (МИА) - Муса Ибрахим, портпарол на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, денеска изјави дека 151 лице се убиени во градот Сирт за време на воздушните напади на НАТО и престрелките од страна на Преодниот национален совет (ПНС). 

Тој истакна дека главната болница во градот престанала да работи, бидејќи биле потрошени резервите од лекови и нема електрична енергија.

Неговите тврдења не можат да бидат потврдени, бидејќи родниот град на Гадафи е отцепен од светот и опколен од три страни од силите на ПНС. Нема коментар ниту од силите на НАТО.

- од вчера до утринава 151 цивил беа убиени во своите домови, откако ракети „град“ и други експлозиви паднаа врз нивните куќи, објасни Ибрахим.

Претставници на Советот денеска соопштија дека откриле магацин со хемиско оружје во оазата Џофра, на 700 километри јужно од Триполи, објави британскиот весник „Гардијан“.

За да ги обнови односите со Западот, владата на Моамер Гадафи во 2003 година објави дека ја прекинува националната програма за создавање на оружје за масовно уништување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...