Крв имаше насекаде...

Буенос Аирес, 22 февруари 2012 (МИА) - Во несреќата што денеска се случи кога патнички воз удри во заштитната ограда на железничката станица во Буенос Аирес погинаа 49 лица, а повредени се повеќе од 600 лица, соопштија официјални претставници. 

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има 48 возрасни и едно дете, а државните медиуми јавуваат дека во возот во моментот на несреќата имало повеќе од 800 патници.

Официјални претставници соопштуваат дека несреќата се случила заради дефект на сопирачките. 

Ова е најголема железничка несреќа во Аргентина од 1 февруари 1970 година кога во судар на два воза во предградие на престолнината погинаа 200 лица. 

Спасувачките екипи полека извлекуваат десетици лица кои останаа заробени во првиот вагон кога возот пребрзо влегол во станицата и удрил во заштитната ограда на крајот од перонот. Шефот на синдикатот на машиновозачите Омар Матурано изјави дека постои можност дека композицијата во станицата влегла со брзина од дури 30 километри на час. 

Министерот за сообраќај Хуан Пабло Скјави изјави дека предниот дел на локомотивата е целосно уништен, а смачкани се неколку од првите вагони, додека еден од вагоните од силината на ударот влегол шест метри во вагонот пред него. 

Даниел Русо од Агенцијата за цивилна заштита претходно изјави дека меѓу повредените има многумина со повеќекратни преломи и други тешки повреди. 

-Возот беше полн, а ударот беше страотен, рече еден од патниците за локалната телевизија, на чии снимки се гледа како спасувачките екипи на носила ги изнесуваат машиновозачот и неколку други лица.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...