Сами ќе си го решиме проблемот

Дамаск, 28 март 2012 (МИА) - Сирија ќе отфрли каква било иницијатива од средбата на врвот на Арапската лига што ќе се одржи утре во Багдад, изјави портпарол на сириското МНР.

- Откако членството на Сирија времено е прекинато во Арапската лига, Сирија разговара  со членки на таа организација по принцип на билатерални разговори. Сирија ќе отфрли поради тоа, каква било иницијатива од Арапската лига, независно на какво ниво е предложена таа, изјави Џихад Макдеси, портпарол на Министерството.

Според ОН, Дамаск прифати план од шест точки на пратеникот на ОН и Арапската лига Кофи Анан за прекин на кризата во Сирија.

Пред почетокот на средбата на врвот во Багдад министрите за надворешни работи од Арапската лига се собраа за изготвување нацрт-резолуција која ќе биде предложена утре на арапските лидери. Резолуцијата ќе се однесува во голем дел на ситуацијата во Сирија. Се очекува во неа да биде упатен повик за национален дијалог меѓу Дамаск и сириската опозиција. Сириското членство во Арапската лига беше времено прекинато во ноември минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...