И Интерпол во истрагата за нападот во Бургас

Лион, 20 јули 2012 (МИА) - Меѓународната полициска организација Интерпол одлучи да испрати во Бугарија своја екипа од соработници, кои ќе помогнат во истрагата за антиизраелскиот напад во Бургас, кој беше извршен во средата при што загинаа петмина Израелци, еден Бугарин и напаѓачот-самоубиец, а повеќе од 30 лица беа повредени.

Интерпол, чие седиште се наоѓа во Лион, соопшти дека испраќањето на своја екипа е по барање на земја-членка на организацијата во случај на кризна ситуација.

Генералниот секретар на Интерпол Роналд К. Ноубол вчера изјави, во врска со информациите дека наводниот самоубиец носел фалсификувани документи, дека „од суштинско значење е да се увиди дали некој од овие документи фигурираат во базата на податоци „Изгубени или украдени патни документи“ на Интерпол“.

- Потребно е исто така да се дознае дали напаѓачот ги користел овие документи за време на својот престој во Бугарија, додаде шефот на Интерпол.

Според бугарските власти напаѓачот-самоубиец патувал со фалсификувана возачка дозвола, издадена во американската држава Мичиген.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...