Ромни е претседателски кандидат на Републиканците

Вашингтон 29 август 2012 (МИА) - На конвенцијата на Републиканската партија во Тампа, партиските делегати и официјално го избраа Мит Ромни за претседателски кандидат на САД, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон.

Ромни, кој победи во партиската изборна трка, по долгата борба со противкандидатите Њут Гингрич и Рик Санторум, со леснотија го освои мнозинството гласови на делегатите во Тампа. За него гласаа 2.061 делегати, наспроти вкупно 202 гласа за другите кандидати, како конгресменот од Тексас Рон Пол.

Ен Ромни, сопругата на Мит Ромни, беше ѕвезда на првата вечер од конвенцијата. Таа, пред се, им се обрати на жените и мајки во Америка, гласачка група кај која Ромни заостанува зад претседателот Барак Обама.

-Не знам што ќе се случи во следните четири години, но како сопруга, мајка, баба и Американка, можам да ви го дадам ова свечено ветување. Овој човек нема да претрпи неуспех. Овој човек нема да Ве изневери. Овој човек ќе ја покрене Америка, изјави Ен Ромни.

Ен Ромни, која преживеала карцином и е заболена од мултиплекс склероза, својот говор го посвети на својот брак со Мит Ромни и на нивните пет синови и 18 внуци, како и на неговиот деловен успех со инвестициската компанија „Бејн капитал“.

Демократската партија, во текот на кампањата го обвинува Ромни за богатството стекнато преку „Бејн капитал“, додека Ромни неговото инвестирање во некои од најголемите денешни американски компании како Стејплс и Бургер кинг го наведува како искуство кое ќе му помогне да ја реформира американската економија.

-Јас бев таму кога Мит, со мала група пријатели зборуваа да отворат нова компанија, и кога се бореа и не знаеја дали ќе успеат. Денес таа компанија е една голема американска успешна приказна. Дали луѓето кои ја почнаа оваа компанија денес се успешни надвор од било кои очекувања? Да. Но, бидејќи ова е Америка, таа мала компанија им помогна и на многу други да живеат подобри животи. Работните места кои произлегоа од ризикот што беше преземан доведоа до факултетско образование и до купување на првите домови. Тоа е генијот на Америка, исполнетите соништа овозможија да се родат нови соништа, изјави Ен Ромни.

Завршниот збор на првиот ден на конвенцијата го даде Крис Кристи, гувернерот на државата Њу Џерси, кој повика на жртвување за да се реформира економијата и да се намали државниот долг.

Во салата во која се одржува републиканската конвенција е поставен часовник кој го прикажува постојаниот пораст на американскиот долг, кој изнесува над 15 трилиони долари.

-Нашите проблеми се големи, и решенијата нема да бидат безболни. Сите мораме да ги споделиме жртвувањата. Секој политичар кој Ви зборува поинаку не ја кажува вистината. Јас не сакам моите деца и внуци да читаат во учебниците по историја како било да се живее во американскиот век, јас сакам да живеат во вториот американски век, побара Кристи, кој се заложи за намалување на државните расходи и суштинско намалување на големината на американските власти.

Републиканската партиска платформа, усвоена на конвенцијата во Тампа, се залага за намалување на државните трошоци преку зголемување на старосната граница кога граѓаните можат да ја користат програмата Медикер, што служи за здравствена заштита на постарите, како и за префрлање на програмата за здравствена заштита за сиромашните граѓани-Медикејд од сојузно ниво на ниво на одделните американски држави.

Неколкумина од говорниците на првата вечер на конвенцијата, како гувернерот на Охајо Џон Касич и кандидатот за сенатор од Тексас Тед Круз, го споредија долгот што го генерираат програмите за здравствена заштита со економските проблеми во Европа.

-Нема да одиме по патот на Грција, изјави Круз.

Мит Ромни со сопругата

За дополнително намалување на трошоците, предвидено е делумно приватизирање на Медикејд, како и на државната Агенција за безбедност во сообраќајот.

Републиканците во својата платформа се залагаат за зголемување и модернизација на енергетскиот сектор, што работи на јаглен и нафта.

Конвенцијата отстапи простор на неколку политичари кои се залагаат за намалување на привилегиите во администрацијата, пред се гувернерот Кристи и гувернерот Скот Волкер од Висконсин.

Поддршката на малиот бизнис е значаен елемент од платформата и од републиканската конвенција, особено по изјавата на претседателот Барак Обама дека бизнисмените не ги изградиле своите бизниси сами, туку за тоа треба да и благодарат на Владата. Паролата “самите го изградивме” е најупотребувана парола во говорите на конвенцијата во Тампа.

Во деловите од платформата кои не се посветени на економијата, Републиканците се залагаат за уставен амандман со кој ќе се забрани абортусот, како и за дефинирање на бракот како сојуз меѓу еден маж и една жена.

Поранешниот сенатор Рик Санторум, во своето обраќање на првиот ден на конвенцијата, го посочи распаѓањето на семејството како една од главните причини за економските тешкотии.

Главен говорник на денешниот, втор полн ден на конвенцијата, е потпретседателскиот кандидат, конгресменот од Висконсин Пол Рајан.

Ромни своето обраќање ќе го има во ударниот вечерен термин во четврток, кога ќе се обрати и младиот и популарен сенатор од Флорида Марко Рубио.

Републиканците на конвенцијата ќе промовираат голем број млади политичари од различните етнички заедници во САД, како Рубио кој по потекло е од Куба, Тед Круз, гувернерката на Јужна Каролина Ники Хејли чие семејство потекнува од Индија, Кондолиза Рајс, гувернерката на Њу Мексико Сузана Мартинез. Присуството на гувернерот на Луизијана Боби Џиндал, потомок на доселеници од Индија, беше откажано поради ураганот Исак,што се заканува на најголемиот град во неговата држава Њу Орлеанс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...