Почнува финишот Обама - Ромни

По официјализирањето на републиканскиот кандидат следи завршница на претседателскиот маратон

Мит Ромни (65) поранешен бизнисмен и поранешен гувернер на Масачусетс успеа во вториот обид да ја добие претседателската номинација на Републиканската партија. Тој статус, за кој во интерната партиска трка се избори уште пред пет месеци, му беше официјализиран на завршната предизборна конвенција на американските конзервативци во Тампа на Флорида. Претседателот Обама таа формалност ќе ја објави на сличен митинг на демократите идниот вторник во Шарлота, Северна Каролина, а потоа следи двомесечен финиш на речиси 2 годишниот претседателски маратон...

Целта на овие конвенции, кои се еден вид политички панаѓур, е на гласачите уште еднаш да се покаже партискиот избран кандидат компетентен да биде лидер на нацијата и дека може да го реши нејзиниот најактуелен проблем. Со оглед на тоа дека Обама како претседател има очигледна предност и бидејќи има многу повеќе можности да се обраќа на нацијата, завршниот партиски митинг е поважен за неговиот ривал.

Судејќи според првите извештаи (првиот ден на конвенцијата завршен е вчера во еден часот по полноќ, т.е. во пет по наше време), фактот дека главните кабловски мрежи го пренесоа настанот во живо, републиканците го искористија токму за таа цел, да ги изнесат завршните аргументи против сегашниот претседател Обама и да покажат дека нивниот кандидат е најдобар избор.

Некои планови навистина се расипаа на конкурентскиот настан, поради тропската бура т.е ураганот Ајзак кој беснееше низ Флорида, но вниманието на Американците сепак беше насочено кон потенцијалниот нов лидер. Тој во вторникот не зборуваше, но како што беше оценето, ефикасно го застапуваа други.

Главните ѕвезди во тој поглед беа сопругата на Ромни (од 1969) Ен и Крис Кристи претставителниот гувернер на Висконсин. Сопругата имаше деликатна задача: мажот да го продаде на американските жени од кои мнозинството го преферираат Обама, како и да го омекне неговиот имиџ на крут човек. Главниот хендикеп на Ромни е имено неговата немоќ да се поврзе со гласачите и меѓу нив барем приближно да генерира вид на ентузијазам кој во кампањата во 2008 година го внесе Барак Обама.

Госпоѓа Ромни затоа одржа еден сентиментален говор, секако однапред внимателно подготвен во штабот на републиканскиот кандидат. Нејзина главна задача беше сопругот да го хуманизира и да ја омекне неговата слика во јавноста, која го смета за бездушен богаташ (еден од најдобро ситуираните претседателски кандидати во поновата историја), кој нема чувство за проблемите на обичните луѓе.

Потенцијалната прва дама не негираше дека семејството денес е богато, но и потсети дека таа е внука на еден рудар од Велс, дека првата година од бракот со Ромни ја поминале во сутеренски стан (денес меѓу многу куќи, имаат и една која има и лифтови за автомобили), дека нејзиниот брак не е приказна од бајките, а емоциите настојуваше да ги поттикне со исповеста за личната борба против Алцхајмеровата болест и ракот на дојката...

На нацијата беа претставени и нивните пет синови, додека политичкиот дел на конвенцијата препуштен е на Кристи, кого многумина го гледаат и како иден лидер на републиканците. Неговата порака беше многу јасна. Америка овој пат треба да го избере Ромни, за да обезбеди и идната генерација да живее во нов американски век.

Секако, главната канонада беше насочена кон Обама и неговото постигнување во Белата куќа. - Нашите денешни лидери одлучија дека е многу поважно да бидат популарни... Но, вистинските лидери не го следат јавното мислење, туку го создаваат. Сите мораме да се жртвуваме и лидерот кој зборува поинаку едноставно не ја зборува вистината.

Ова беше потврда на претходно усвоената републиканска стратегија според која изборите треба да бидат всушност референдум за Обама и неговите неисполнети ветувања (поради што на конвенциите често беа пуштани делови од јавни говори на претседателот). Меѓутоа, штабот на Обама последните месеци успешно парираше на ова, свртувајќи го вниманието на карактерот на Ромни, неговата деловна кариера како сопственик на инвестицискиот фонд Бејн Капитал, кога купувал пропаднати фирми и по реформите и отказите на вработените ги продавал со голем профит кој одел на неговите сметки во Швајцарија, Бермуди и други даночни раеви, како и на неговото одбивање на увид да достави повеќе од една даночна пријава.

Поради тоа Ромни во завршницата влегува како еден од најнепопуларните претседателски кандидати во последните 30 години. Според најновото сондирање на Вашингтон Пост и ТВ мрежата Еј-Би-Си, само 35 отсто Американци имаат позитивни впечатоци за него, во однос на 50 отсто такви оценки кои ги доби Обама.

Меѓутоа, според рејтинзите од сите истражувања кои ги подготвува веб страната Рил клиер политикс, изборните шанси практично се изедначени: Обама има 46,7 процентни поени, а Ромни 45,7, па произлегува дека финишот ќе биде многу неизвесен. Можеби треба да ги видиме проценките на луѓе што се обложуваат на интернет страната Интрејд маркет, на која се игра на резултат на важни светски настани, а покажуваат дека 56,2 отсто играчи парите ги ставиле на реизбор на Обама, додека 43 отсто ставиле пари на Ромни.

Политика - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...