Обама ќе номинира сенатор републиканец за министер за одбранаВашингтон, 6 јануари 2013 (МИА) - Претседателот на САД Барак Обама ќе го номинира поранешниот сенатор републиканец Чак Хејгл за министер за одбрана и оваа вест може да ја објави уште утре, изјави претставник на демократите во Конгресот.
Изборот на Хејгл најверојатно, според проценките на аналитичарите, ќе ја распламти битката при утврдувањето на неговата кандидатура во Сенатот поради неговите ставови кон стратешкиот сојузник на САД, Израел.
Поранешниот сенатор од американската сојузна држава Небраска ги критикуваше плановите за воен напад врз Иран од страна на еврејската држава и ги поддржува напорите да се натера Техеран да седне на преговарачката маса.
Шеесет и шест годишниот Хејгл има лични врски со Обама од времето, кога и двајцата биле во Сенатот, јавуваат американските медиуми.
|