СБ ја поддржа интервенцијата на Франција во Мали

Њујорк, 15 јануари 2013 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации ја поддржа едногласно интервенцијата на Франција против исламистичките бунтовници во Мали, кон која, како што рече францускиот претседател Франсоа Оланд треба да се приклучат и африканските сили во рок од една недела.

По вонредната седница на СБ во Њујорк, одржана на барање на Париз, амбасадорот на Франција Жерар Аро изјави дека неговата земја има „разбирање и поддршка“ од сите 14 останати членки на ова тело.

Аро истакна дека Франција сака силите на земјите од западна Африка што е можно побрзо да се распоредат во Мали со цел да се сузбијат исламистите.

Предвидено е кон војници на Мали и на Франција да се придружат три илјади африкански војници во согласност со резолуцијата, која Советот за безбедност ја усвои во декември, а која дозволува интервенција доколку не се најде решение со помош на преговори.

Во меѓувреме Оланд, кој пристигна во посета на Абу Даби, изјави дека распоредувањето на здружените африкански сили би можело да потрае околу една недела и додаде дека во моментов во Мали се распоредени 750 француски војници.

- Во моментов имаме 750 војници и нивниот број ќе се зголемува со цел потоа полесно да може да им се отстапи место на африканските сили, рече Оланд за време на посетата на военопоморската база „Камп на мирот“ во Абу Даби, каде се распоредени француски војници.

Во француската база се сместени околу 700 војници и авиони „Рафаел“, кои во краен случај ќе можат да се вклучат во операцијата „Сервал“, почната на 11 јануари против исламистите кои го зазедоа северниот дел на Мали.

Оланд нагласи дека француските сили во Мали во текот на ноќта извеле нови напади врз позициите на екстремистите и оти ќе продолжи распоредувањето на силите на теренот и во воздух.

Освен со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Халифа бен Заид ал Нахаин и со престолонаследникот на Абу Даби, Мохамад бен Заид ал Нахаин, францускиот претседател ќе се сретне и со претседателот на Мавританија, Мохамед Абдел Азиз. Во Дубаи Оланд ќе разговара со емирот, шеик Мохамед бен Рашид ал Мактум. Ќе се разгледа и ситуацијата во Сирија и Иран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...