Ќе ве бараме „и под дрво и под камен“

Лондон, 18 јануари 2013 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лион Панета изјави денеска дека вооружените борци, кои ги нападнале САД и нивните државјани, ќе бидат барани „под дрво и под камен“. Ова е прв коментар на американски висок претставник за заложничката криза во Алжир.

- На терористите треба да им биде јасно дека нема да можат никаде да се скријат, ниту во Алжир, ниту во северна Африка, никаде, истакна тој во обраќање пред експертите за безбедност во Лондон.

Екстремистичката група од Мали „Маскирана бригада“ денеска ја презеде одговорноста за киднапирањето на десетици луѓе во наоѓалиштето на гас во јужниот дел на Алжир и се закани со нови напади. „Маскирана бригада“ која е поврзана со Ал Каеда ги предупреди Алжирците да ги избегнуваат објектите на странските компании, бидејќи како што напомена „ќе нападнеме кога најмалку се очекува“.

Францускиот премиер Жан Марк Еро изјави дека алжирската Влада соопштила оти операцијата за спасувањето на заложниците се уште трае.

- Штотуку зборував со алжирскиот премиер, кој потврди дека операцијата продолжува, рече Еро, додавајќи дека е во постојан контакт со владите на другите засегнати земји.

Светските агенции претходно јавија дека неколку заложници и 18 терористи се убиени во заложничката драма во Алжир.

Еро ја потврди смртта на неколкумината заложници, но напомена дека точната бројка и нивната националност се уште не се познати.

Алжирската армија вчера почна напад врз објектот, кој се наоѓа на околу 40 километри од Ин Аменас. Алжирските медиуми јавија дека во синоќешната акција на безбедносните сили ослободени се 600 алжирски работници, а дека е неизвесна судбината на десетина државјани на САД, на Франција, на Норвешка, на Малезија, на Романија, на Алжир, на Велика Британија и на Јапонија.

Заложничката криза во Алжир почна завчера, кога борците поврзани со Ал Каеда го зазедоа комплексот за гас „Ин Аменас“ и земаа за заложници локални и странски работници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...