С. Кореја изврши трета нуклеарна проба

Пјонгјанг, 12 февруари 2013 (МИА) - Севернокорејските власти денеска соопштија дека извршиле трета успешна подземна нуклеарна проба.

Претходните две нуклеарни проби Северна Кореја ги изврши во 2006 и 2009 година.

- Пробата беше извршена успешно, при што беа почитувани неопходните безбедносни мерки. Беше употребена минијатурна и лесна нуклеарна направа со голема моќност, се наведува во официјалното соопштение на властите во Пјонгјанг, при што се додава дека пробата не претставувала никаква закана по животната средина.

Според севернокорејските власти, целта на пробата била „да се заштитат националната безбедност и суверенитет“ на Северна Кореја од „непријателската политика на САД“.

- Овој потег ќе придонесе за гаранција на безбедноста на Корејскиот Полуостров, се додава во соопштението на Пјонгјанг.

Потврдата од Пјонгјанг уследи откако дипломат во ОН информира дека Северна Кореја извршила нуклеарна проба и покрај „сериозното предупредување“ од нејзиниот сојузник Кина.

Тој истакна дека ова што го направи Северна Кореја претставува „вистински предизвик за Кинезите“. - Пекинг, Москва и Вашингтон ги усогласуваат ставовите веќе неколку дена и брзо ќе се договорат дека треба цврст одговор, додаде дипломатот, кој сакал да остане анонимен.

Друг висок претставник од земја-членка на Советот за безбедност на ОН нагласи дека Советот денеска ќе одржи вонредна седница, со цел да се договори како да реагира на оваа проба, со која Пјонгјанг ги прекрши резолуциите на Светската организација.

Овој месец со Советот за безбедност претседава Јужна Кореја, чиј амбасадор во ОН пред неколку дена предупреди дека ОН ќе преземат „многу силни мерки“ како одговор на евентуална трета нуклеарна проба од страна на Пјонгјанг.

Според властите во Сеул, севернокорејската атомска бомба била со моќност од 10 килотони, која при денешната проба предизвикала сеизмичка активност.

Кинескиот сеизмолошки центар соопшти дека во Северна Кореја е регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, кој „најверојатно е предизвикан од експлозија“.

Меѓународната агенција за атомска енергија информира дека регистрирала „необична сеизмичка активност во Северна Кореја, со јасни карактеристики на експлозија“.

Јапонската метеоролошка служба пак соопшти дека регистрирала земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер, чиј интензитет бил во североисточниот дел на Северна Кореја. „Земјотресот“ се случил во 11:57 часот по локално време (2:57 часот по Гринич).

Хронологија на главните нуклеарни проби и ракетни тестови на Северна Кореја, како и на санкциите воведени од Обединетите нации:

- 31 август 1998 година: Северна Кореја тестираше ракета со среден дострел „Таеподонг 1“, но не успеа да лансира сателит во орбитата.

- 4 јули 2006: Пјонгјанг тестираше напредна ракета „Таеподонг 2“, но тестот беше неуспешен.

- 9 октомври 2006 година - Северна Кореја ја изврши првата нуклеарна проба.

- 14 октомври 2006: Советот за безбедност на Обединетите нации воведе трговски санкции кон Северна Кореја и и забрани да извезува балистичка ракетна технологија како одговор на нуклеарната проба.

- 5 април 2009: Северна Кореја истрела ракета „Унха 2“ и соопшти дека со неа е лансиран сателит во орбитата, но експерти од други земји тврдеа дека не е забележан сателит.

- 25 мај 2009: Пјонгјанг ја изврши втората нуклеарна проба.

- 12 јуни 2009: Советот за безбедност воведе построги санкции, вклучувајќи и пресретнување на севернокорејските бродови.

- 13 април 2012: Северна Кореја лансираше ракета „Унха 3“ со голем дострел, која експлодира неколку минути откако беше истрелана.

- 12 декември 2012: Северна Кореја повторно истрела ракета „Унха 3“, при што овој пат тестот беше успешен и таа лансираше сателит во орбитата.

- 12 февруари 2013: Северна Кореја соопшти дека ја извршила третата нуклеарна проба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...