Како се бира нов папа?

Следниот месец во Ватикан ќе се изврши уште еден избор на нов поглавар на католичката црква.

“Бел, бел чад“ одушевено извикуваа скоро 40.000 луѓе во понеделникот на 18.април 2005 година, нешто по 20 часот на Плоштадот Петар во Ватикан. Италијанската национална телевизија РАИ ја прекина програмата и пушти снимка од бел чад од оџакот на Сикстинската капела, а водителот рече дека новиот папа е избран.

А тогаш... По 20 секунди, белиот чад се претвори во густ, црн чад. Едноставно, дојде до “техничка грешка“. На првиот ден на конклавата, по смртта на полскиот папа Јован Павле 2, новиот не беше избран.

Тоа се случи следниот ден, на една од најкратките конклави во историјата, кога по четвртото гласање беше избран германскиот кардинал Јозеф Расингер, најголемиот фаворит од 115 – те кардинали кои влекоа во Сикстинската капела, каде со векови се бира папа.

Расингер, кој еден ден пред конклавата го прослави 78 – от роденден, го зема името Бенедикт, по папата кој со сите сили се трудеше да ја избегне светската војна. “Хабемус папа“ (Имаме папа), извика кардиналот Хорхе Естевез Медина од Чиле. Со бурен аплауз на балконот на Апостолската палата беше дочекан Јозеф Расингер, а малку после тоа бројни љубопитни лица побрзаа во германското место Марктлам Ин, за да ја видат родната куќа на сега веќе на папата Расингер.

Четири години по овој настан, папата Бенедикт 16 го испрати првиот сигнал дека нешто не е во ред. По веста за катастрофалниот земјотрес во Аквила, папата го посети тој крај и на гробот на папата Селестин 5, кој во 1294.година ја напушти светата столица, ја остави својата капа. Како тоа да беше знак дека подготвува нешто слично на она што го стори Селестин, кој случајно стана папа, откако 27 месеци кардиналите се двоумеа околу изборот. Селестин, син на скромни селани, не се снајде и даде оставка.

Многу векови подоцна, и Јозеф Ресингер, образован човек, писател на многу книги и еден од ценетите европски интелектуалци, даде шокантна оставка и го остави Ватикан затечен.

И сега што следи?

Кон средината на март во Ватикан ќе допатуваат и кардинали од целиот свет кои по обичај кога ќе умре папата, гласаат за негов наследник. Овој пат со голем исклучок – бидејќи актуелниот папа е се’ уште жив. Кардиналите ќе престојуваат во луксузниот хотел “Домот на Света Марта“, кој неодамна беше реновиран. Собите не се претерано раскошни, но заедничките простории секако дека се. Во рамки на зградата е и капелата за молитви, изградена од бел мермер, со столбови од алабастер. Во големиот салон има библиотека, а хотелот има 106 соби и апартман. Ако некој се разболи, може да гласа така што своето ливче ќе го стави во еден од трите пехари.

Ако некој кардинал не го добие потребниот број гласови, листовите се палат и црниот чад се крева од оџакот на Сикстинската капела. Понекогаш гласањето се повторува до бескрај, наутро и попладне. Се лобира на сите страни. Кардиналите мораат да потпишат, со закани од санкции, дека нема јавно да изнесуваат што се случува на конклавата.

И пред кардиналите да почнат да гласаат, во ватиканските работилници се изработуваат три одори во три големини, за да му одговараат на новиот папа, без разлика дали е тој низок, висок, полничок или пак слаб. Се подготвуваат и обувки во три големини.

Пред изборот следи собирање на кардиналите кои се молат за “избор на римски престолонаследник“. На самата конклава преовладуваат мистиката и старите правила. Самите кардинали изборот го правдаат со “божјата провидност“, но сето тоа зрачи со таинственост, на местата каде во минатото папите убивале со отрови и ножеви, а некои папските должности ги извршувале само еден ден. Римската курија отсекогаш имала голема моќ, многумина се обидуваа да ја контролираат и да го намалат тоа влијание, како и папата во заминување Бенедикт, но во тоа не успеаа.

Неизвесноста владее до самиот крај на гласањето и однапред никогаш не смее со сигурност да се каже кој на конклавата ќе дојде како кардинал, а ќе излезе како папа. Пољакот Карол Војтил, папата Јован Павле 2, никој не ги сметаше за фаворити на тогашната конклава.

Папските одаи на вториот кат на Апостолската палата се скромни, иако тоа е голем комплекс. Во рамки на станот каде папата живее и каде се наоѓа и капелата, трпезаријата со масата и столиците каде папата јаде, сам или во друштво на кардиналите, спалната соба во која се наоѓа неговиот кревет која е поврзана со бањата. Во приватната библиотека, папата прима уважени гости, а помеѓу неа и спалната соба е просторијата од која папата на прозорецот ги поздравува верниците на плоштадот.

За многумина животот на папата е полн со привилегии и луксузи, но тоа е повеќе живот исполнет со интриги, задкулисни игри, подметнувања, озборувања, па и страв за сопствениот живот.

Сето тоа на своја кожа го почувствува папата Бенедикт 16, со долг стаж во римската курија, кој со 78 години беше избран за папа, како најстар во последните 175 години.

За некој ден одаите на папата ќе останат празни, запечатени и повторно отворени кога кардиналите на конклавата ќе го изберат наследникот на Бенедикт, кој по долги векови ќе има прилика да ја води црквата со еден пензиониран папа.

Вообичаениот дневен распоред е скоро секој ден ист за сите папи. Стануваат рано, во 5.30, а во 07 часот се на миса. Појадокот е во осум часот, а потоа секретарот ги носи документите на потпис и читање. Следи времето за примање гости и работење, а по ручекот повторно следи читање на документите. Вечерата е во 20.30, а на спиење одат пред полноќ.

Кој ќе го добие овој распоред, останува да видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...