ВИДЕО: Најмалку 91 загинат при торнадо во Оклахома

Вашингтон, 21 мај 2013 (МИА) - Најмалку 91 лице загинаа во големо торнадо што погоди јужното предградие на Оклахома Сити, Мур, јави Си-Ен-Ен.

Цели квартови на Мур, кое има население од околу 55.000 жители, се срамнети со земјата.

Над 230 лица се повредени, меѓу кои и 45 деца. Најмалку десетмина од повредените се во критична состојба.

Бурата директно погоди основно училиште во Мур, однесувајќи го покривот и уривајќи ѕидови. Неколку деца биле извадени живи од под урнатините.

Брзината на ветровите што го следеле торнадото достигнала 320 километри на час. Ширината на торнадото била 1,6 километри. Таква брзина и обем достигнуваат само помалку од еден процент од торнадата. Најсилните ветрови, регистрирани на Земјата, се оние што го следат торнадото, при што апсолутен рекорд е 486 километри на час.

Американскиот претседател Барак Обама ја прогласи Оклахома  за зона на голема природна катастрофа. Цел на оваа мерка, како што соопшти Белата куќе, е федералната влада да може да укаже помош на тешко настраданите од торнадото.

Обама телефонски разговарал и со гувернерот на сојузната држава Оклахома, Мери Фалон, и и ја изразил својата загриженост. Демократот Обама ја информирал републиканката Фалон дека на својата администрација и наредил на настраданите да им ја пружи сета неопходна помош.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...