Едвард Сноуден тргна да бара азил: Зошто Еквадор?

Едвард Сноуден, кој предаде информации во врска со врвната тајна програма за следење на НСА, наводно ќе бара азил во Еквадор. Властите во САД се уште се надеваат да го судат Сноуден по обвинувањето за шпионажа, но тоа може да биде тешко со оглед на односите на САД со Еквадор.

Новинарите стоеја до автомобилот на амбасадорот на Еквадор додека го чекаа доаѓањето на Едвард Сноуден, поранешен вработен во НСА кој ги предаде супертајните документи околу морничавата американска програма за следење, во неделата на аеродромот Шерметјево, во близина на Москва.

Сагата и патувањето на Едвард Сноуден доби уште еден пресврт во неделата со веста дека тој ќе бара азил во Еквадор.

Зошто Еквадор?

Многу очигледно, јужноамериканската држава е пријател со Викиликс. Тоа е онаа поткажувачка организација чиј основач Џулијан Адсанж ја мина минатата година во еквадорската амбасада во Лондон, во обид да избегне испрашување во врска со наводните сексуални престапи во Шведска.

Викиликс помагаше во продуховувањето на излезот на Сноуден од Хонг Конг - наводно на патот преку Москва и Хавана за да стигне до постојан бегалски статус во Еквадор, додека службено лице од Викиликс го придружува на тој пат. Амбасадорот на Еквадор во Москва во неделата рече дека очекува да се сретне со Сноуден во Москва. Покрај ова, претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, има добри врски со Викиликс, и е во стабилно политичко расположение по неговиот неодамнешен лизгав реизбор.

Покрај Куба и Венецуела (за кои се сметаше дека ќе бидат крајната дестинанција на Сноуден), и Еквадор е членка на АЛБА - „Боливарската алијанса за народите на нашата Америка“ - алијанса од левичарски влади во Латинска Америка кои се горди заради нивните анти-империјалистички позиции.

Властите во САД на секој начин се обидуваат да го вратат Сноуден во САД за судење по обвниненијата за шпионажа, откако тој ги предаде деталите за програмата за следење на Националната агенција за безбедност, која за цел ги имаше телефонските и интернет метаподатоци, вклучувајќи и некои податоци за американски граѓани. Сноуден беше обвинет заради кражба на владина сопственост, за недозволена комуникација по информации за националната безбедност, и заради неговата своеволна комуникација за тајни разузнавачки информации со неавторизирано лице. Последниве две обвинувања потпаѓаат под американскиот Акт за шпионажа, и можат да му донесат до 10 години затвор.

Во саботата, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Том Донилон, најави дека САД формално побарале од властите на Хонг Конг да го екстрадираат Сноуден според договорот САД-Хонг Конг од 1998 година. Наводно тоа ги забрзало сите планови кои Сноуден можеби ги имал за тој и неговите помагачи од Викиликс да стигнат на попријателска територија.

Што е ново за владата на САД?

Портпаролката на Министерството за правда, Нанда Читре, во неделата можеше само да каже дека САД „притиска за спроведување на правото во релевантна соработка со другите земји каде Сноуден можеби има намера да оди“.

Или како што претседателката на Комисијата на сенатот за разузнавање, Диане Фејнштајн (демократка) од Калифорнија, во неделата рече во емисијата Фејс оф д`нејшн на Си-Би-Ес, „Брканицата започна“.

„Мислам дека е ова големо изненадување. Мислев дека Кина ова ќе го гледа како можност да ги подобри односите и да го екстрадира во САД. Јасно е дека Според мене, Кина има улога во сето ова. Не мислам дека ова беше само Хонг Конг, без кинеско посредување“, рече сенаторката Фејнштајн.

Бомбастичната изјава на Сноуден за следењето на НСА доведе до остри јавни и политички дебати околу балансот со националната безбедност во светот по 11 септември, и за заштита на она за кое повеќето американци сметаат дека е нивна лична информација.

„Без оглед на сето она што го чуствувате за нашите закони за НСА, не знам како може било кој да го гледа Сноуден поинаку освен како криминалец“, рече сенаторот Боб Коркер од Тенеси, висок претставник на републиканците во Комитетот на сенатот за меѓународни односи.

„Ако тој за себе смета дека не е криминалец, тогаш се надевам дека ќе се врати и ќе се отвори неговиот случај“, рече сенаторот Корк. „Но излегува дека тој не поседува карактеристики на `херој`, ако така сакате, за било кого во нашата нација, се надевам“.

Од перспективата на претседателот Обама, откритието на Сноуден и неговото наводно бегство од судење, создава барем три комплицирани политички и дипломатски проблеми: како да се спои ова со претходните изјави на Обама за личните слободи и отвореноста на владата, потоа за односите со Русија, и за односите со Кина.

Кришчан сајанс монитор



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...