Асад не би употребил хемиско оружје

смета сирискиот лидер на Курдите

Берлин, 27 август 2013 (МИА) - Лидерот на најголемата курдска група во Сирија Салех Муслим изјави синоќа дека сирискиот претседател Башар ал Асад не би бил толку глупав да употреби хемиско оружје во близина на престолнината Дамаск, на само пет километри од тимот на Обединетите нации кој истражува дали во земјата е користено такво оружје.

Водачот на Сојузот на курдските демократски партии смета дека спорниот напад, извршен во средата, имал за цел за него да се обвини Асад и да предизвика реакција на меѓународната заедница.

- Режимот во Сирија има хемиско оружје, но не би го употребил околу Дамаск. Секако, сириските власти не се глупави да направат такво нешто, рече Муслим.

Во времето на инцидентот, експертите на ОН веќе беа во Сирија и ги истражуваа претходните напади со хемиско оружје, направени неколку месеци претходно, пренесува Танјуг.

Партијата на Муслим е добро вооружена милиција која доаѓаше во судири со режимските и бунтовничките сили, но на двете страни им дозволуваше премин преку нејзина територија за време на сирискиот судир.

Некои бунтовници и ривалски курдски групи го обвинуваат Муслим дека е близок до режимот, што тој негира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...