Москва, 10 септември 2013 (МИА) - Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем изјави денеска дека Владата во Дамаск го прифатила рускиот предлог за ставање на хемиското оружје под меѓународна контрола со цел избегнување евентуален воздушен напад од САД.
- Вчера имавме интензивен круг преговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и тој предложи иницијатива што се однесува за хемиското оружје, изјави Валид ал Муалем.
Тој прецизира дека Сирија е согласна со рускиот предлог бидејќи тој ќе ги „отстрани основите за американска агресија“.