САД не издаваат визи за украински функционери

Вашингтон 20 февруари (МИА) - САД вчера соопштија дека вовеле забрани за издавање визи на 20 украински функционери, кои ги сметаат за одговорни за предизвикување на крвавите пресметки во центарот на Киев.

Висок претставник на американскиот Стејт департмент, кој вчера одржа телефонски брифинг за медиумите, дополнително најави дека САД сакаат да видат договор за делење на власта во Украина, во кој заедничката Влада ќе добие поголеми овластувања од сегашните, по што може да следи договор за финансирање на Украина преку ММФ.

На брифингот САД оценија дека украинскиот претседател Виктор Јанукович е одговорен што не успеал јануарскиот договор постигнат со опозицијата, по што следеше бранот насилство .

- Списокот на лица на кои им е издадена забрана за издавање визи го содржи целосниот синџир на команда кој го сметаме за одговорен за насилството минатата ноќ. Оваа алатка на нашата надворешна политика може бргу да се смени доколку ситуацијата се подобри, изјави анонимниот американски функционер на брифингот. Според закон, САД не смеат да се откријат имињата на лицата на кои им е забрането издавање на виза, и на вчерашниот брифинг немаше одговор дали и претседателот Виктор Јанукович се наоѓа на овој список. Забраната за издавање на визи се однесува на политички и полициски функционери кои биле вклучени во акцијата.

САД веќе ги повлекоа визите за одреден број украински функционери, а во новиот бран, функционерите автоматски ќе бидат одбиени за американска виза доколку аплицираат. Сенаторот Бен Кардин вчера побара овие санкции да бидат проширени со заплена на имотот во странство на одговорните функционери.

На брифингот, посветен на Украина, беше истакнато дека САД не можат да стапат во контакт со украинските безбедносни контакти со кои соработувале во минатото, а преку кои сега сакаат да апелираат за смирување на состојбата.

- Во минатото нашите високи функционери релативно лесно можеа да стапат во контакт со воените и разузнавачките функционери од Украина. Се обидуваме во изминатите неколку дена да ги обновиме овие контакти, но никој не крева телефон од украинска страна, што е загрижувачки, изјави претставникот на Стејт департментот.

На брифингот, од Стејт департментот најавија дека по стабилизирањето на состојбата, САД и Европската Унија ќе работат со Украина за обезбедување на поволна програма со Меѓународниот монетарен фонд.

Од друга страна, според овој претставник на Стејт департментот, руското ветување за заем од 15 милијарди долари за Украина всушност е сведено на неколку ‘мали’ рати од 3 милијарди долари од кои голем дел ќе отиде за сервисирање на постоечкиот украински долг кон Русија.

Од официјалните изјави, претседателот Барак Обама побара гаранции од Украина дека воените сили нема да интервенираат против демонстрантите. Државниот секретар Џон Кери вчера, од Париз, порача дека претседателот Јанукович мора да направи избор и да постигне компромис со опозицијата, со што би се избегнало насилство. Кери се сретна со францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, кој денес заедно со колегите од Германија и Полска е во мисија во Киев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...