Кличко: Јанукович си замина од Киев

Украинскиот претседател Виктор Јанукович го напушти главниот град, изјави денеска во украинскиот Парламент, Врховата рада, лидерот на Украинската демократска алијанса за реформи, Виталиј Кличко.

- Ни остана само еден излез. Треба да организираме предвремени претседателски избори. Нашата иницијатива е да се донесе одлука за одржување предвремени претседателски избори не подоцна од крајот на април, посочи Кличко.

Тој истакна дека украинскиот Парламент, Врховата рада треба итно да го принуди Јанукович да поднесе оставка.

Украинските медиуми јавија дека киевската резиденција на Јанукович во Киев, која се наоѓа на околу 15 километри од главниот град е празна и необезбедувана, а новинарите слободно влегуваат во неа.

Светските медиумите претходно пренесуваа противречни информации околу тоа дали Јанукович си заминал од Киев.

Дел од светските медиуми, повикувајќи се на американски функционер јавија синоќа дека Јанукович го напуштил Киев и заминал во Харков на „одреден состанок“.

Стејт департментот коментираше дека „не е ништо необично Јанукович по донесување на важни политички одлуки да го посети истокот на земјата, каде има многу приврзаници“.

ИТАР-ТАСС меѓутоа подоцна ја пренесе изјавата на претставник на аеродромот во Харков, според кој претседателскиот авион не слетал таму.

Во меѓувреме претседателот на Врховата рада, Володимир Рибак, кој е близок соработник на Јанукович, поднесе оставка, изјави заменик-претседателот на Парламентот.

Рибак поднесе оставка, откако повеќе пратеници од владејачката Партија на регионите најавија дека ќе ја напуштат.

На плоштадот „Независност“ во Киев и натаму се наоѓаат околу десет илјади демонстранти и покрај потпишувањето на спогодбата со претседателот на Украина.

Опозициските активисти целосно го презеле „административнот кварт“ во главниот град на Украина, изјави денеска еден од лидерите на протестот, Андреј Парубиј.

Тој изјави дека активистите на „Самоодбрана“ и Десниот сектор го презеле обезбедувањето на Врховната рада, на администрацијата на Јанукович и на главната управа на Министерството за внатрешни работи во Киев.

Засега нема официјална потврда на киевската полиција или градската администрација за овие тврења, но претставникот на Јанукович во Парламентот, Јуриј Мирошниченко изјави вчера дека полицајците почнале да се повлекуваат во согласност со соодветната собраниска одлука од четвртокот.

Лидерите на опозицијата вчера потпишаа спогодба со Јанукович за решавање на кризата, која подразбира враќање на Уставот од 2004 година, со што се намалуваат надлежностите на претседателот, формирање на влада на национално единство и одржување предвремени претседателски избори до крајот на годината.

Пред постигнувањето на спогодбата во судирите меѓу демонстрантите и полицијата од 18 февруари досега, според официјалните информации загинале 77 лица, од кои 16 полицајци, а повредени се над 600.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...