До пеколот и назад

Како државите растргнати од злосторства или граѓански војни можат повторно да се закрпат.

Малку страни од историјата можат мачно да се читаат како што се оние кои ја опишуваат Руанда помеѓу април и јули 1994 година. Работејќи со раце наместо со индустриски методи со кои нацистите ги убивале Евреите, и три пати побрзо отколку холокаустот, милициите познати како „интерахамве“ од етничкото Хуту мнозинство и други, заклале најмалку 800.000 Тутси (и умерени Хуту) за да ги збришат од земјата која заедно ја делат. Тие силуваа, мачеа и убиваа цели семејства по болници, школи и цркви. „Интерахамве убиваа мали Тутси деца пред нивните родители, прво отсекувајќи им ја едната, а потоа и другата рака“, напиша еден службеник од ОН кој во тоа време бил присутен во земјата. „Потоа им го засекуваа вратчињата на децата со мачети за да искрвават бавно до смрт, но додека се уште беа живи им ги отсекуваа срамните делови од телата и им ги фрлаа в лице на ужаснатите родители, кои подоцна беа убивани со помала безобзирност“.

На 7 април, народот на Руанда одбележа 20 години од геноцоидот, трезвено и смирено. Нивната влада, сега предводена од Тутси, се истакнува со своите компетентности. Околу 90 проценти од Кенијците и Јужноафриканците се загрижени заради корупцијата; во Руанда тој однос е пет проценти. Животниот век таму е два пати повисок отколку пред геноцидот. Економијата расте секоја година со стапка повисока од 8 проценти. Иако Тутсите се најголемите корисници, ниту Хуту не се исклучени.

Сеќавањата навираат. Дождовната сезона која се совпаѓа со геноцидот во 1994, е тешка, не само заради тоа што остатоци од човечки скелети се уште изникнуваат од земјата по дожд. Но ужасната историја на Руанда не доминира ниту со јавниот живот, ниту во приватните разговори, како што беше случај пред една деценија.

Јужна Африка, која на 27 април слави 20 години од првите посапартхејд избори, исто помина долг пат од своето минато исполнето со омраза. Но расизмот останува деликатна тема. Невработеноста е висока, а стапката на насилства и криминал е вивната до небо. Но кампањата за општите избори кои ќе се одржат на 7 мај е одраз за зацврстена демократија во акција: карневал од транспаренти и бомбастични говори, со рекорден број на партии на изборите.

Некои општества успеваат да ги излекуваат и најдлабоките рани. Исто како и мачното разоружување на борците, репатријацијата на бегалците и така натаму, оние кои преживеаја исто си зацртаа три амбициозни цели: комеморација за жртвите, економски развој и (привремено) намалување на социјалните поделби. Комеморацијата им дава надеж на преживеаните и на сите они кои се сомневаат во искреноста или издржливоста на мировните договори. Без тоа, повторното воспоставување на односите меѓу заедниците е тешко. Телата на илјадници Тамилци убиени од силите „синхалез“ во 2009, беа страшни исто како и Германците кои ја исковаа придавката вергангенхеитсбевалтигунг, која грубо може да се преведе „битка за приближување со минатото“. Каков било изразен антисемитизам е насекаде осуден од политичарите и од други јавни личности. По изградбата на музејот на холокаустот во една берлинска четврт и обновата на синагогите, Германија сега има една од најбрзорастечките еврејски заедници на светот. „Евреите тука не се чувствуваат само добродојдени, туку и разбрани“, рече Џон Фејнстејн, иселеник од Њујорк. Шансата за споделување на животот но новиот просперитет може да помогне да ги доближи загрижените групи - иако самото тоа по себе не е доволно. По деценија непријателства, борците од саваните од Ренамо и Фрелимо, ривалските фракции во Мозамбик, дојдоа до договор за мир со надеж за економски просперитет. Но постојано повторуваните ветувања за „мировна дивиденда“ со економскиот раст и процутот на странски инвестиции, не беа никогаш доволни за да се стави крај на долгата војна во Шри Ланка.

Повеќето држави кои зацелуваат се добро  функционални демократии. Секојдневните преговори во законодавството отскокнува од безвредниот менталитет од бојното поле. Жестоките момци во Северна Ирска сега седат заедно на владина маса, наизглед во релативен мир.

Но наметнувањето на нови норми кои ќе ги заменат оние кои довеле до конфликт, бара мерки кои во други околности би биле либерални. Се до неодамна, Германија забрануваше реизданија на хитлеровиот манифест „Мајн кампф“ (даунлоудувањата на интернет и истекувањето на авторските права го сменија мислењето на службените лица во земјата). Филозофите зборуваат за „парадокс на толеранцијата“: дека издигнувањето на толеранциските вредности можеби ќе бараат нетолеранција од фанатиците. Либералниот американски филозоф Џон Раулс, тврди дека безбедното чување на некоја загрозена група може да ги оправда мерките за нетолеранција.

Руанда далеку ги надмина овие ставови. Сега таа е автократија, иако водена од често логичните Тутси кај кои владее разбирливиот страв од повторното враќање на власт на оние кои вршеа геноцид. На последните претседателски избори, Пол Кагаме, кој ги предводеше бунтовничките сили кои ги поразија „интерахамве“ пред 20 години, доби 93 проценти од гласовите. Излезе дека тој е неверојатен технократ - но онаков кој ги цени своите противници, меѓу кои се и некои поранешни сојузници, сега непријатели на државата. Јужна Африка го обвини дека испраќа атентатори да ги убиваат дисидентите кои живеат во егзил во Јоханесбург. Независните партии и медиуми се заплашувани од безбедносните сили. Засега, извртениот либерализам коегзистира со социјалниот мир. Кигали, престолнината на Руанда, е еден од најбезбедните градови во Африка. Но ризиците кои сепак постојат се семе за нови конфликти, или помеѓу хуту есктремистите кои сеуште ги населуваат шумите на Конго преку границата кон запад, или во рамките на самите кампови на тутсите, кои некогаш беа познати по својата кохезија и дисциплина, но сега се се повеќе поделени.

Кога некоја постконфликтна земја останува цела, така што поранешните смртни непријатели се присилени да живеат заедно, новите лидери мораат да изберат помеѓу правдата и помирувањето. Јужна Африка избра организирана попустливост, злосторниците кои се покајаа за своите дела пред Комисијата за вистина и помирување, и потоа можеа да аплицираат за амнестија. Од сето ова исплива голема добра надеж. Но многу крвави општества ја одбиваат ваквата идеја. ОН во еден извештај забележува дека „на Косово, самиот збор `помирување` има толкав набој што и не се користи кај албанската заедница“.

Руанда на почетокот вршеше масовни казнувања. Во еден миг, 120.000 обвинети за геноцидот беа затворени и чекаа судење. Најлошите лица беа судени пред Меѓународниот трубунал кој беше организиран во Танзанија, но повеќето беа испратени пред локални судови кога државните судови не можеа да се справат со овие случаи. Казнувањата беа нерамномерно извршувани. Но сега, многу убијци се вратија дома и владата сака да оди напред, иако многу руанди имаат проблем да простат и прифатат покајание.

Кој пат да се заземе зависи од природата на конфликтот. Геноцидот во Руанда беше планиран од релативно мала група, која потоа се сокри или избега, а другите останаа да го спроведуваат тој план. Вината таму беше полесно да се расподели отколку во Јужна Африка, каде проапартхејд Национална партија добива избори по избори.

Најлошиот избор е да се заташка проблемот. Првичното одбивање на елитите во поранешна Југославија да ги испратат воените криминалци пред меѓународните судови, ги исплаши жртвите дека убијците можат да се вратат на власт. Присуството на неисповеданите поранешни господари на војната во Либерија го оневозможи компримисот и ја задржа старата мачнина. Мултиетнчката влада која дојде на власт откако Јужен Судан прогласи независност во 2011година, не промовираше ниту помирување ниту заедништво. Бранењето на оние кои не успеаја да признаат дека имаат крв на рацете, праќа сигнали за цената на насилствата. Во последниве месеци, додека лидерите на Јужен Судан илегуваат од политиката, тажната стара војна се врати.

Економист - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...